Со победата од 2:1, Загрепчани направија сензација на стартот од новата сезона во елитното натпреварување и со тоа стигнаа до прва победа по пауза од 16 години во ЛШ. Во Загреб падна силниот премиерлигаш кој летото во 2006-та на два пати славеше против Модрите.
Дека резултат е одлично остварување потврди и поранешниот капитен на Динамо, а сега член на Локомотива, Јерко Леко.
„Апсолутно е тоа голем резултат до кој Динамо стигна со добра игра. Секоја чест за момците и нивниот тренер за храбриот пристап на мечот“, вели Леко за tportal.hr.
Динамо одигра добро, но не смее да паѓа во еуфорија, бидејќи и Арсенал имаше свои шанси.
„Да, имаше шанси, но добија црвен картон, а првиот гол го примија несреќно. Со играч помалку им беше тешко да направат пресврт против растрчаниот Динамо“, смета Леко.
Тој има и една анегдота од прва рака која го објаснува и несериозниот пристап на еден од главните ѕвезди на Топџиите.
„На ден пред натпреварот, Саид Хусејновиќ разговарал со Озил, а се знаат уште од времето кога играа заедно со Вердер. Кога го прашал како се спремате за мечот против Динамо, Озил му одговорил дека нема појма со кого играат. Веројатно и опуштеноста е дел од проблемот на играчите на Арсенал, вели поранешниот играч на Динамо.
Сега интересно е да се види како ќе реагираат навивачите на Арсенал на оваа изјава доколку стигне и до англискиот печат. Тие се бајаги бесни на резултатот и парите кои ги фрлиле за гостувањето.