На навивачите на Арсенал тешко им падна поразот од Динамо Загреб во првото коло од Лига на шампиони. Клубот од северен Лондон беа голем фаворит, иако Арсен Венгер одлучи да го измеша составот и да одмори некои од главните играчи.
Клупската телевизија на Арсенал која патува секаде со екипата и навивачите, интервјуирала еден од навивачите непосредно по завршувањето на мечот.
„Слушај, се обидувам да останам прибран, но ова е ебено тешко. Платив 600 фунти да го гледам ова! Ова? Воопшто не ми е јасно како Венгер го селектирал тимот за овој натпревар. Ајде да е 6. коло и да имаме обезбедено пласман понатаму, па да го разберам што решил да одмори некои играчи. Но ова е прв натпревар! Прв! Зошто мораше да го остави Петр Чех на клупата? Тој е голман. Потрошив многу пари да дојдам во Загреб, а тој вади состав за Карлинг куп. И овој Артета... Тој е готов играч, заврши неговото. Син ми би бил покорисен од него“, грмеше навивачот на Арсенал.
Освен што ги боли тоа што клубот не освоил некој голем трофеј во последната деценија, на навивачите на Арсенал им смета и тоа што Венгер на моменти се однесувал арогантно.
„Тој мисли дека е поголем од клубот. Е па не е! Овој клуб не се вика ФК Арсен, туку ФК Арсенал. Не сакаше ниту да дојде до трибините и да ни се извини, затоа што е ебено арогантен. Слушнете, ние потрошивме многу пари да бидеме овде, а за што дојдовме“, урлаше навивачот на Арсенал во Загреб.
Инаку синоќешниот пораз од Динамо беше 50-ти во кариерата на Арсен Венгер во Лигата на шампионите.