Фудбал

По Тбилиси и Трондхејм, Скопје во исчекување на Европскиот Супер куп

Извршниот комитет на УЕФА на 29 јуни ќе соопшти кој ќе биде град домаќин на финалето од Супер купот на УЕФА во 2017 година. Повикувајќи се на свои извори од УЕФА, порталот Екипа тврди дека веќе сме ја добиле кандидатурата.

Двојниците на Тијаго Силва и Давид Луиз

Кога ги гледате на слика ќе помислите дека се Силва и Луиз како мали или па нивните синови. Тоа се уствари Луан и Мурило кои немаат врска со бразилските фудбалери и кои станаа познати на Мундијалот во Бразил. Се појавија и на вчерашниот пријателски дуел меѓу Бразил и Мексико.

Хорор фаул на пријателска

Дефанзивецот на Севиља, Беноа Тремулинас со две нозе брутално го фаулираше Дрис Мертенс на пријателската меѓу Франција и Белгија која заврши со победа на Белгијците од 4-3. Французинот не доби ниту жолт картон, а Мертенс можеше да заврши со скршена нога.

Русија и Катар без Светско првенство, aко се докаже корупција

Шефот на одделот за ревизија и согласност при ФИФА, Доменико Скала изјави дека постои веројатност на Русија и Катар да им биде одземено правото за организација на Светско првенство во 2018 и 2022, доколку се докаже дека имало мито и корупција при гласањето.

Барселона се искачи на европскиот трон

По освојувањето на Примера и Копа дел Реј, фудбалерите на Барселона со тројна круна ја заокружија перфектната сезона. Големата победа во Берлин ја запечатија Ракитиќ, Суарез и Нејмар, а неизвесност за момент на мечот донесе Мората.

Јувентус - Барселона низ статистика

Каталонците во Берлин вечерва одат на петта европска круна. Предводени од Меси тие ги освоија сите три финалиња во 2006, 2009 и 2011 година. Јуве има освоено две, но ги загуби сите три претходни финалиња. Буфон, Пирло и Барѕаљи се враќаат со убави спомени во Германија.

Фаворит не значи и победник

Лигата на шампионите до сега донесе пет легендарни финалиња, каде оние кои беа апсолутни фаворити, на крајот во солзи му честитаа на противникот.

Фудбалерите кои ги носеа дресовите на Јувентус и Барселона

Осуммина се, а Мартин Касерес е единствениот меѓу нив кој прво играл во Јуве, па во Барса. Тој заедно со Златан Ибрахимовиќ се единствени активни играчи на оваа листа, која ја правиме по повод утрешниот празник во Лигата на шампионите.

Историски пресврт во Милан, продадени 48% од акциите

Силвио Берлускони ја одби понудата за целосна продажба на Милан и се реши на тајландскиот магнат Би Течабул да му продаде 48% во вредност од 500 милиони евра.

102 часа фудбал без престан

На стадионот Сент Мери каде на Англичаните пред 13 години им извадивме 2:2 со голот на Шаќири од корнер, се одигра најдолгиот фудбалски натпревар кој ќе влезе во Гинис.

Голот на Луис Енрике во Берлин ретко кој го виде

За стратегот на Барселона, Олимпискиот стадион во Берлин не е непозната дестинација. Херта Берлин тука ја пречека Барселона во меч од Лигата на шампионите кој заврши 1:1, но погодокот на Енрике тешко можеше да се забележи поради густата магла.

Освојуваа Златна топка, но не и Лига на шампиони

Фудбалската епоха памети 10 фудбалери кои ја добија наградата за најдобар играч на светот, но никогаш не го кренаа престижниот трофеј од елитната Лига на шампиони.

Ако фудбалот беше наука, Чави ќе ја откриеше формулата

Маестро Чави утревечер во Берлин го игра последниот меч за клубот со кој е врзан од 11 години. Ако го освои пехарот во ЛШ, тоа за него ќе биде 4-ти и вкупно 25-ти со Барса. Никој не штеди зборови на него.

Елче испаѓа од прва лига

Шпанскиот прволигаш поради финансиски проблеми ќе мора да ја напушти Примера дивизион и да се натпреварува во втора лига.

Како ФИФА ја прави ранг листата

Поените се формираат врз база на четири компоненти: меч (3 бода зема победникот, 0 противникот, а доколку победи со пенал зема 2 бода, а поразениот 1 бод), важност на мечот (4 бодови за победа на Светско, 2,5 во квалификации на Светско, 1 бод за победа на пријателска), силината на противникот и конфедерацијата од каде доаѓа.

Андрес Иниеста - човек одлука

Творецот на најважните голови во историјата на шпанскиот клупски и репрезентативен фудбал ќе биде спремен за саботното финале на Лигата на шампионите против Јувентус.

Кој остана а кој замина од бродот ФИФА?

По сè што се случуваше во ФИФА претходните две недели, светската фудбалска федерација е пред нов почеток. Некои од старата гарда се повлекоа, некои се спремаат за на суд, а некои останаа.

ФИФА на СП 2002 лобирала за Јужна Кореја на штета на Италија и Шпанија

За малерите кои го следеа еквадорскиот судија откако и наштети на Италија пишувавме пред два дена. Но целиот тој скандалозен чин од Мундијалот, има подлабока позадина и мешање на судии и блиски соработници на Блатер.

Станковиќ за финалето во Берлин

Top Eleven го интервјуираше Дејан Станковиќ на тема финале во ЛШ. Го потсеќа на неговото со Интер во 2010-та, бидејќи како што ова ќе биде последна шанса за тие што се над 30, исто било и со него, Занети, Матераци, Милито, Камбјасо. Меѓу Меси и Роналдо, го избира Аргентинецот.

Чичко Тони има уште гориво

Со 22 гола на 39 години сезонава во Серија А, Лука Тони стана највозрасниот фудбалер што некогаш ја освоил наградата најдобар стрелец во едно од петте најдобри првенства во Европа.

Нова аматерска бомба

Унгарецот пред некој ден се залета како Роберто Карлос и ја прати во агол. Касио Фелипе - Касињо од Шпанија денеска го повтори истото.

Јуве и Барса статистички

Задутре во Берлин, Барселона ќе има прилика по петти пат да го крене трофејот од ЛШ, а Јувентус ќе игра за третата европска титула. Според букмејкерите, Барселона е фаворит.

Седум глупави изјави на Сеп Блатер

Контроверзниот Швајцарец кој реши да се повлече од ФИФА само еден ден по победата на изборите, кажа многу бисери откако седна на претседателската фотеља во 1998-ма. На пример во фудбалот почнаа да му сметаат нерешените резултати.