Фудбал

Џиџи Буфон ги брка духовите од Олд Трафорд

12 години откако му се скрши срцето во финалето на Лигата на шампионите против Милан, најдобриот европски голман вели дека неговиот Јувентус сега има шанса да направи голем подвиг против Барселона.

Скок од пет места за Македонија без игра

Македонската фудбалска репрезентација на следниот квалификациски дуел против Словачка ќе патува како 100-та селекција во светот.

Рожерио Сени влезе во историјата на Сао Паоло

Со 42 години, голманот претплатен за голови во Бразил, успеа да влезе во листата на 10 најдобри стрелци на Сао Паоло. Со неговиот 128-ми погодок во кариерата тој го реши мечот против Сантос за конечни 3:2.

Фиго не е наша легенда, не го викајте

Пред саботното финале од Лигата на шампионите, УЕФА одлучи да организира меч на ветераните на Јуве и Барса против легендите на светскиот фудбал. Каталонците не сакаат Луис Фиго да игра за нив.

Се земало мито и за СП Франција 1998

Поранешниот член на извршниот комитет на ФИФА, Американецот Чак Блејзер е клучниот човек на ФБИ во истрагата за корупцијата. И самиот Блејзер призна дека добил мито за да го даде својот глас.

Интерпол бара шестмина корумпирани за следните Мундијали

По ненадејната оставка на Сеп Блатер, како и најавите за истрага на неговата работа, издадена е меѓународна потерница за двајца поранешни високи функционери на ФИФА.

Жозе Мурињо како преведувач

Португалецот прво се прослави со Порто со титула во ЛЕ и ЛШ, но пред камерите често почна да се појавува кога му беше асистент и преведувач на Боби Робсон во Барселона. Шпанска телевизија извади снимка од тоа време. Мурињо е озбилен и таму.

Лацио може да остане без Лига на Шампиони?

Federbet го објави најновиот извештај за наместени натпревари. Се местело во Албанија, Бугарија и Грција, а Македонија пак ја нема. Но се споменува Македонецот кој може да влијае со сведочењето во однос на играњето на Лацио во Европа.

Бенитез се враќа од каде што тргна

Откако заврши како петтопласиран во Серија А со Наполи, на Рафа Бенитез му истече договорот и го напушти италијанскиот клуб. Денес се врати во местото каде пред 20 години се калеше како тренер и ги водеше младинците.

Како Кајманските Острови станаа моќен член на ФИФА

Од 2002. година до денес, светската фудбалска влада потрошила 2,2 милиони долари за изградба на нови фудбалски игралишта и два големи терени во земјата која има 58.000 жители. Гласот на Кајмански Острови вреди колку и гласот на фудбалските велесили.

Срамно однесување на Павел Недвед на пријателски натпревар

На ревијалниот дуел „Натпревар на срцето“ кој има хуманитарен карактер играа екипи составени од познати пејачи и поранешни фудбалери. Се скараа Недвед и раперот Морено, а се вмеша и Ерос Рамацоти.

Анчелоти преку Твитер ја соопшти одлуката за Милан

Трофејниот тренер реши да одмори од фудбалската игра и ја одби понудата на клубот со кои за осум години освои неколку трофеи. На Карлито му следува операција на грбот, после која не знае колку ќе се опоравува.

Блатер даде оставка и се повлече

Само неколку дена откако го доби петтиот мандат да ја води ФИФА, Швајцарецот Сеп Блатер реши да се повлече од фунцкијата. Причината веројатно лежи во тоа што ФБИ спрема истрага и за неговото работење.

Чиста десетка за Јуве, 8,5 за Лацио

Кориере дело Спорт ги пиша оценките за сезоната на сите 20 италијански прволигаши. По Јуве, најмногу блесна Лацио, Џенова. Сампдорија и Торино се најголемо изненадување, а двете екипи од Милано се посрамотија.

5 соло продори на Меси

Рекордерот по бројот на освоени златни топки, викендов го сруши интернетот и ги збудале коментаторите во финалето од Копа деј Реј. Слаломот е негов специјалитет кој го најави уште на 19 години против Гетафе кога се проби идентично како Марадона.

Погоди ги фудбалериве

Сите ги знаете ама кога ќе ги погледнете сега нема сите да ги знаете. Ние одевме еден по еден, се испонамачивме и не препознавме ниту половина од нив.

Унаи Емери - режисер на убавиот фудбал

И покрај тоа што единствените два трофеи ги освои во последните две години, Унаи Емери има големо меѓународно искуство за неговите години, а во моментов е најбаран тренер во Европа.

Рекламата со Ривалдо и детето

Во пресрет на саботното финале од Лигата на шампионите, оваа реклама снимена пред десетина години може повторно да биде актуелна. Ривалдо бара голтка, а детето дрес, но не го облекува.

Судбината на судијата кој ги украде Италијанците на Светско

Бајрон Морено е еден од најнепосакуваните ликови во Италија по Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја, а Џиџи Буфон за него изјави дека тој не криел дрога во гаќите, туку во мозокот. По 2002 година ништо убаво не му се случи во животот, освен што успеа да заработи пари, ама во затвор.

Потегот ламбрета со која Нејмар ги нервира противниците

Бразилецот им извади душа на фудбалерите на Билбао, кои фрустрирани од неговите дриблинзи почнаа и физички да го напаѓаат. Потегот пред крајот од мечот со Баскијците, Нејмар го правеше и во минатото додека играше во татковината.

Што ќе гледаме од фудбал летово?

Иако завршија речиси сите фудбалски првенства ширум светот, во тековниот месец нè очекуваат настани кои би можеле да нè задржат уште некое време пред телевизија.

Нека не ве чуди, Бразилец е

Во рамките на Адидас фристајл кампањата, Марсело ги покажа своите технички способности учени на Копакабана во Бразил и уште еднаш докажа дека фудбалерите од оваа земја се потпишуваат со топката.