Фудбал

Среќен роденден ФК Вардар

На денешен ден пред точно 68 години се роди великанот со најмногу титули во македонскиот фудбал. Клуб со име Вардар во Скопје имало уште во 1911 година и се викал Вардар Топаана, но денешниот е формиран на 22 јули 1947, а го создале спортските друштва Македонија и Победа.

Зошто го почитуваме најдебелиот фудбалер во Англија?

Тежи 101 килограм и со 33 години важи за најдобриот напаѓач во англиската Лига еден. Лани постигна 15 голови на 52 настапи за Вимблдон, а сега ги повикува навивачите да одберат како би сакале да изгледа прославата на неговиот гол. Акинфенва нуди три опции.

Рио Фердинанд му посвети песна на Де Хеа

Ем научил на шпански како да го замоли да не оди од Манчестер во Реал, ем му ја пушти омилената песна на шпанскиот голман Давид Де Хеа.

Машала Кварезма машала

Во Турција е традиција новиот фудбалер во клубот да биде пречекан во делириум уште на аеродромот. Португалецот Рикардо Кварезма по втор пат се врати во Бешикташ, каде му простија многу гревови од минатото.

Андреев: „Првпат играме пред толку публика“

Тренерот на Вардар темпераментно одговараше на новинарските прашања по мечот со АПОЕЛ и изјави дека се брани и еден Јувентус, а не само актуелниот македонски шампион.

Реми на Филип Втори, заврши европското лето за Вардар

Вардарци вечерва имаа ветер од над 20.000 гледачи, одлична поддршка и позитивен резултат од првиот меч, но не успеаа да го минат кипарскиот АПОЕЛ кој со 1-1 оди на данскиот Митјиланд.

Тажната романса меѓу Интер и Платини

Во зимскиот преоден рок 1978-ма еден од најдобрите фудбалери во историјата потпиша за Интер. Го плаќаа уште додека играше за друг клуб, но спортскиот директор помеша два поими „натпревар“ и „станица“. Потоа му го загубија трагот и го видоа со дрес на Јувентус.

Гробари го опседнаа ХРТ, сакаат пренос од Грузија

Партизан попладнево од 14:30 игра реванш од 2. коло во квалификациите за ЛШ, а РТС не обезбедил пренос од мечот, по што навивачите на белградскиот клуб решија да се посмеат со ХРТ.

Деби гол на Стерлинг, бомба на Пјаниќ

Рома и Манчестер Сити играат пријателски меч во Австралија. Најскапото засилување на Манчестер Сити од 49 милиони фунти ја начна мрежата од контра уште во 3 минута, а одговорот на римјаните стигнаа по 5 минути со неодбранлив проектил. Во второ полувреме 18 годишниот Нигериец Келечи Иначо ја врати предноста, а Рома повторни врати на атрактивен начин преку Љаиќ.

Тие го исцртаа кукастиот крст во Сплит

Еден месец по скандалот на мечот Хрватска - Италија во Сплит, на стадионот Пољуд се покри делот од теренот каде имаше исцртан фашистички кукаст крст, а сплитската полиција објави видео на кое се гледаат сторителите на ова дело. Хрватска во четврток ќе ја дознае казната од УЕФА, а им се заканува и исфрлање од ЕП2016 во Франција.

Африканско фудбалско робје во Азија

Малолетни фудбалери од западна Африка се пренесуваат во Азија каде потпишуваат договори и веруваат дека ќе заработат поголем трансфер, а живеат во мизерни услови без никаква заработка и дозвола за престој.

Кога навредливиот твит ќе те чини многу

Младиот Шпанец Хулио Реј потпиша договор со Депортиво Ла Коруња, но откако на Риазор откриле навредлив твит на фудбалерот на нивна сметка, решиле да го раскинат договорот.

Гордиот Ирец што не ја сака британската химна

Фудбалерот на Вест Бромвич Албион, Џејмс Меклин е Ирец и како многу негови сонародници не ја почитува британската химна и знаме на кои им сврте грб.

Македонија до Аргентина

Фудбалерот на АПОЕЛ, Томас де Винсенти на својот Инстаграм објави фотографија со натпис дека тимот пристигнал во Македонија, што предизвика (не)очекувана реакција кај навивачите на кипарскиот клуб.

Првата битанга на европскиот фудбал

Како да објасниш човек што цела вечер скита по барови, а не пие, колекционер е на коли, ама не ги вози и е добитник на лото ливче кое го добил за роденден и потоа ги поделил парите на своја штета?

Голови кои не се за испуштање од викендов

Кога ќе ги погледнете головиве ќе сфатите дека јули месец и не е така тапа месец за фудбал. Некои првенства се веќе почнати, а голчишта паѓаат и на пријателски. Ве поздрави Асприља кои издрибла пола тим, како и Муса од Фенербахче.

Демонстранти фрлаа пари кон Блатер на конгресот на ФИФА

На денешниот конгрес на кој Сеп Блатер објави дека на 26. февруари следната година ќе се одржат избори за нов претседател, Швајцарецот беше нападнат од комедијантите Симон Бродкин и Ли Нелсон кои го гаѓаа со долари. Во тој момент тој панично го бараше неговото обезбедување.

Ниту 80 илјади места не му се доволни на Дортмунд

Продажбата на дресовите за новата сезона им оди одлично, а сега се решија и да го зголемат капацитетот на секогаш преполниот стадион.

Андреев со руски поговорки ги спрема Вардарци

Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се подготвени за реваншот со АПОЕЛ (вторник 20:00), дуел за кој веќе се продадени околу 15.000 влезници.