Тотенхем не смета на високиот напаѓач оваа сезона и одлучи да не го пријави на листа на играчи ниту во Премиер лигата, ниту во Лига Европа. Маурицио Покетино на крајот на минатата сезона изјави дека не му треба во тим.
Но Адебајор не остана без договор, а не му најдоа ни друг клуб. Тотенхем му плаќа по 100.000 фунти неделно, а Манчестер Сити уште 75.000 како дел од договорот кој го направија овие два клуба во 2012-та кога од Манчестер се пресели во Лондон.
На 31 годишниот напаѓач прво му беше понудено да тренира со првиот тим на Тотенхем, но тој одлучи да тренира со втората екипа. Можност за да продолжи со играње фудбал имаше во Вест Хем во последниот ден од преодниот рок, но ја одби таа понуда.
Ако остане член на Тотенхен до крајот на неговиот договор кој истекува во јуни 2016 година, Адебајор ќе заработи уште 5,25 милиони фунти.
Слободното време го поминува во Того и Гана, а од неговите “напорни“ активности редовно постира слики.
„Открив дека единствената причина за да бидат жив е да уживам“, напиша на една од сликите.
Тогоанецот не се изнамачи премногу ниту минатата сезона. Во периодот меѓу ноември и април не одигра ниту еден меч како стартер. Влезе пет пати од клупата и постигна два гола, а за тоа заработи 3,4 милиони фунти.
За семејните проблеми зборуваше на Фејсбук.