Големото срце на фудбалерот на Интер

Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ решил да даде пари за сложена операција на лигаменти на фудбалер на црногорскиот Будуќност кој не го познавал лично.

Јоветиќ е веќе докажан одличен фудбалер, но уште подобар човек. Секој што го познава потврдува дека поранешниот фудбалер на Фиорентина и Партизан има големо срце и е хуман.
 
Напаѓачот на Интер ја платил операцијата на 22-годишниот Миливој Раичевиќ, фудбалер на Будуќност од Подгорица, на кого кариерата му била во прашање по страшната повреда на лигаментите. Ниту Будуќност, ниту фудбалскиот сојуз на Црна Гора немале слух за целиот случај, така што Јоветиќ кога слушнал за дечкото веднаш ги уплатил потребните пари за фудбалерот за кој никогаш не слушнал.
 
„Кога дознал дента дека мојот клуб нема пари да ме прати на операција во Аугзбург, каде што морав да одам затоа што во Црна Гора целосно ми ја промашија диагнозата, Јоветиќ ми се јави и ми понуди помош“, вели Раичевиќ за сајтот на УЕФА.
Инаку Раичевиќ тешко се повредил во август годинава, кога ги скинал лигаментите на коленото. Необично е што и самиот Јоветиќ мина низ истите драми по идентична повреда додека играше за Фиорентина.
„Јоветиќ ми договори средба со лекарот кој и него му помогнал многу во 2010. година кога имал иста повреда. Покрај тоа, ги плати сите патни трошоци, како и трошоците за операцијата и лекувањата кои ги имав во Србија. Се што можам да кажам е едно големо благодарам до Стеван и му ветувам дека следната година ќе се вратам на терен и секој постигнат гол ќе му го посветувам нему“, изјави Раичевиќ за УЕФА.