Срамни промашувања пред гол, неочекувана петица на Левандовски, џокерот на Ван Гал, Колер како голман, скршените цвикери на Клоп, однесување на Кан. Викендов се игра најголемото германско дерби меѓу двете екипи кои се без пораз во Бундес.
На местото на кое Арсенал ги доживеа најславните денови во клупската историја, денес има станбен објект. Цените за стан на местото каде беше Хајбери достигнувале и до 1 милион фунти. И покрај различната намена, автентичноста на местото е иста, а задржани се и многу оригинални елементи од стадионот. Целиот објект беше отворен официјално од Арсен Венгер на 20-ти септември 2009. година.
За сите вие кои не мрдате од ТВ во вторник и среда последниве 15-20 години или вие кои сте пропуштиле, потсетување на најшокантните резултати на европските гиганти. Како Шевченко ги збриша Реал и Барса, изненадувањето на дебитантите Њукасл и Мајорка и лудите пресврти на Депортиво и Брондби.
Дуелот ПАОК - Дортмунд во Солун очекувано не можеше да помине без нереди. Германците фрлаа бакљи и скандираа за Арис, најголемиот ривал на ПАОК, по што домашните навивачи на крајот влегоа во терен и тргнаа кон нив.
Виљареал, Лацио, Фиорентина и Шалке ги оправдаа фаворитските улоги во второто коло од ЛЕ. Борусија Дортмунд и Ливерпул освоија само по бод, а Партизан го изненади Аугсбург на гости со 1:3.
Не е ова времето на Пеле или Ромарио за кои постојат статистики дека стигнале до 1000-ка, но синоќешниот јубилеј на Роналдо во Шведска не е воопшто лош. Од активните играчи во врат му дише само Меси, а другите тешко дека може да го стигнат.
Балканската фудбалска реалност секој ден носи нови анегдоти. Од Босна и Херцеговина денес стигна веста за тренерот кој дознал дека е отпуштен преку Фејсбук.
Со двата гола против Малме синоќа, Кристијано Роналдо стигна до бројката од 501 гол во кариерата, достигнување благодарение и на неговите соиграчи во Спортинг Лисабон, Ман. Јунајтед, Реал Мадрид и португалската репрезентација.
Ако досега често ја слушавме фразата „фаулов е за во затвор“, сега може да заклучиме дека за тежок фаул навистина може да се заглави на робија. Во Англија.
Тоа што ние го играме во редакција на пауза со раце, има луѓе што го играат со нозе, ама вистински. Поделени се 6 на 6, само им фали петката, а разликата е во тоа што може и да ти ја земат.
На ранг листата на ФИФА пред нашата репрезентација се наоѓаат: Кенија, Палестина, Северна Кореја, Кувајт, Мадагаскар, Централо Африканска република, Намибија, Бахреин, Сирија, Свети Винцент и Гренадини, Сиера Леоне...
Го одбиле Мусолини да играат во италијанската лига, не го прифатиле предлогот на Тито да се преселат во Белград и бидат клуб на војската а заслугите за отпорот кон фашизмот им донел голема почест од легендарниот Шарл Де Гол.
„Навивачите“ на Бенфика на Висенте Калдерон во Мадрид фрлаа бакљи врз домашната публика и повредиле 2-годишно дете. Едно е сигурно, УЕФА нема да им прогледа низ прсти и Бенфика ја очекува драстична казна.
По трејлерот за документарниот филм за Кристијано Роналдо, наскоро нè очекува и документарец во кој Лорд Никлас Бендтнер раскажува за својата фудбалска кариера.
Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Ако барате статистика за вечерашниот меч меѓу Малме и Реал Мадрид во ЛШ или ако чекате податоци за претходни дуели од коментаторите за време на ТВ преносот, нема ништо да најдеше, а ниту ќе чуете. Кралевите во Шведска до сега оделе само на турнеи.
По неколку години лутање, некогашниот најголем талент во Европа, Французинот Хатем Бен Афра се препороди во дресот на Ница. Екипата има три победи по ред, а Бен Арфа постигна пет гола по ред со две асистенции. Минатиот викенд, Ница го прегази Сент Етјен 1-4 на гости, по што навивачите ги пречекаа во транс кога се вратија во Ница и бараа прв да излезе нивниот миленик.
Контроверзниот плејмејкер повторно е обвинет дека е дебел за да игра фудбал на високо ниво, поради што го критикуваа и во КПР и сега во Бенфика која сака да го раскине договорот со него.