Почитуван Ерик
Поминаа неколку месеци од последниот пат кога зборувавме и почувствував потреба дека треба да ти пишам во знак на почит.
Ти се гледаше во очите дека кога се сретнавме во Мотрам, твоето време во Манчестер Јунајтед завршуваше. Иако јас сепак мислам дека требаше да го разгледаш мојот совет и советот на татко ти, дека прво требаше да одиш на одмор пред да донесеш ваква голема одлука.
Една работа сакам да запаметиш, а тоа е да останеш активен и во форма. Секогаш се сеќавам дека кога почнав како тренер на 32 години, најмногу се грижев за организацијата на тренинзите и тренирањето на играчите, а заборавив на мојата активност. Потоа по шест години кога сфатив што се случува, почнав пак да тренирам за да се вратам во кондиција, а тоа беше убиствено. Затоа одржувај ја кондицијата.
Сигурен сум дека ни ги пратиш резултатите и како што можеш да видиш, добро ни оди. Го потпишавме Теди Шерингам како твоја замена, но во моментов тешко му оди да добие шанса за игра како во Тотенхем, затоа што игра во длабочина, па ќе треба да направиме некои прилагодувања за него. Играчите понекогаш не разбираат колку е тешко да се игра на наше ниво, бидејќи секој меч за нашите противници е како финале, па се надевам дека ќе успее кај нас.
Нашата претсезонска турнеја не беше така лоша. На далечниот исток поминавме подобро од што очекувавме и нашите играчи против Интер беа многу добри. На Черити Шефилд не одигравме одлично, но бевме подобри од Челси и заслуживме да победиме, иако мечот отиде на пенали.
Сè уште чувствувам како што зборувавме на крајот од сезоната дека тоа што ни треба е топ класа на напаѓач и тоа секогаш ќе биде проблем поради нашите финансиски ограничувања кои нема да ни дозволат да го достигнеме минатото. Тоа е толку тажно, бидејќи кога сте на врвот, треба да ги купувате најдобрите за да не ве стигнат. Ако бев помлад, можеби ќе размислував поинаку, но од оваа гледна точка, немам освоено Европски Куп. Како и да е, за грижам за тоа и не ставам ментална бариера пред мене. Секогаш го имам тоа верување и верба кај играчите и желба да продолжам да го правам тоа. Продолжувам со надежта дека ќе го откријам младиот Кантона. Тоа ми е сон.
Бидејќи го завршувам ова писмо, се надевам дека ќе имаме разговор, ќе одиме на пијалок или на ручек. Знам дека од клубот ти пишале за престојната вечера, но тоа не е најважната работа. Тоа е да те потсетат колку добар играч беше во Манчестер Јунајтед и колку сум ти благодарен за тоа што ни го даде. Никогаш нема да го заборавам тоа и се надевам дека нема ниту ти да го заборавиш.
Секогаш си тука добредојден и ако се појавиш неочекувано на една чаша чај, не се срами, само разговор како пријатели за мене ќе значи повеќе од сè. Ерик знаеш каде сум и ако ти требам, сега кога не си повеќе еден од моите фудбалери, се надевам дека знаеш дека имаш пријател.
Со среќа и Бог да те благослови
Со почит
Алекс Фергусон