Фудбал

За Борусија и Баерн се добродојдени, за Чкембарите не се

Германските навивачи први ја дадоа поддршката за бегалците од блискиот исток, Баерн Минхен и Реал Мадрид понудија донации од по милион евра, а последни со транспарент излегоа фудбалерите на Борусија Дортмунд. Во Македонија за сега се огласи само една навивачка група.

Не ми се игра во Монако, сакам да станам имам

По враќањето од позајмица во Белгија, талентираниот Сисако изразил желба да се посвети на верата и одбил да потпише нов договор со Монако, клуб кој сега сака да го позајми во Катар.

Најлошиот слободен удар во кариерата на Меси

Аргентина избегна пораз од Мексико во пријателскиот натпревар 2-2 одигран синоќа со головите на Агуеро и Меси во финишот. Претходно Меси го изведе можеби најлошиот слободен удар во кариерата, а за тоа е виновен теренот за рагби а не за фудбал во САД.

10 милиони Шпанци го ѕирнаа фудбалот на Филип Втори

Иако играа против еден од аутсајдерите во групата кој се наоѓа на дното на табелата со само една победа и е 104-та фудбалска земја во светот, шпанските фудбалски љубители во доста голема бројка синоќа седеле пред тв.

Како се снимаа епизодите со супермоќниот Хулк

Првото видео со напаѓачот од Зенит беше толку добро направено, што од прва не сконтавме дека е монтажа. Потоа излегоа уште неколку делови кои ја симболизираат силата на Бразилецот.

Кога Прилеп ги пречека Перуџа и Хидетоши Наката

На 11. јули 1999 година во реваншот од 2. коло на Интертото купот, во Прилеп гостуваше Перуџа предводена од Хидетоши Наката и тренерот Карло Мацоне. Прилепчани во првото коло играа против Озета Дукла од Прага, дома славеа 3-1, таму загубија 3-1 и пројдоа после пеналите 3:4.

Микс зоната за новинари, полна со фанови на Шпанците

Иако по секој меч микс зоната е наменета за земање изјави од фудбалерите, во тунелот на арената Филип Втори имаше турканици за да се стигне до автограм и фотка од Рамос, Касиљас, Пике, Иниеста и другите врвни имиња на светскиот фудбал кои играат за Барселона, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед...

Што му значи Македонија на Вејн Руни?

Со голот на Градски во Скопје на 6. септември 2003. година, Вејн Руни стана најмладиот стрелец во историјата на англиската репрезентација. Имаше само 17 години и 317 денови кога го прослави голот против нашата репрезентација.

Говорот на Руни во соблекувалната

Напаѓачот во претходното коло против Сан Марино го израмни, а вчера против Швајцарија го престигна рекордот на Боби Чарлтон по бројот на голови и стана најдобар стрелец на Англија на сите времиња со 50 погодоци.

Мата центрираше или шутираше?

Шпанците вчера имаа толку голем посед на топка што во еден момент голманот Давид Де Хеа можеше да нарача кафе од делегатот на средбата. Нас ни остана нејасно дали фудбалерот на Манчестер Јунајтед шутираше или центрираше кога му даде гол на Пачовски.

Прв гостински гол на Сан Марино после 14 години

Да се израдуваш на гол во гости после цели 14 години за фудбалерите на Сан Марино е еднакво на радоста за освојување на Светско првенство. Израмнија на 1-1 против Литванија, но загубија во финишот.

Убедлив пораз од Хрватска, со Грузија за пласман понатаму

По вчерашниот триумф над Холандија, македонските кошаркари вечерва го положија оружјето пред домаќинот на шампионатот, селекцијата на Хрватска. Во Загреб 73:55 за Коцкестите.

Хуан Мата ѝ пресуди на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го забележа и седмиот пораз во 8. квалификациско коло за Европското првенство во Франција 2016. Поразот од 0:1 не изгледа воопшто страшно, бидејќи овој пат не игравме против Луксембург.

Најавен Фудбал Менаџер 2016

Издавачот Сега го најави новиот Football Manager 2016, една од најпопуларните спортски видео игри во историјата.

Сите го браниме Жерар Пике

Во пресрет на вечерашниот дуел Македонија - Шпанија, шпанските новинари непрестано ја форсираа атмосферата околу фудбалерот на Барса кој е на удар на тамошната јавност од неколку причини.

Како играа Данчо Целески, Ѓуровски и екипата против Шпанците

Вечерва во 20:45 на Филип Втори во Скопје по четврти пат во едни квалификации ќе се сретнат Македонија и Шпанија. Против Фуријата игравме и во квалификациите за ЕП 1996.

Во Скопје се враќа славниот арбитар кој влече накај Јуве, а не го сака Интер

Паоло Таљавенто кој беше дел од финалето во ЛШ меѓу Баерн и Борусија, е третиот познат италијански судија по Мацолени и Маса кои во скоро време ги гледавме на Филип Втори. Последниве години е подложен на многу критики за судењето, а неговото име се слушна и во аферата Калчополи.

Роналдо и Меси учете од детево

Се вика Фернандо Каго, има 20 години и игра за вториот тим на Валенсија. Голманот го изработи како бавча со само еден маестрален потег.

Земјата на фјордовите и фудбалското чудо

Земјата во која фудбал се игра само пет месеци во годината е најголемото фудбалско изненадување во европските квалификации. Веќе го кандидирале селекторот Лагербек за претседател, а тој вели дека херои се Нелсон Мандела и Мартин Лутер Кинг а не тој.

Податок за Шиков и одбраната, Диего Коста дал 1 гол на 8 средби

Бразилецот реши да игра за Шпанија лани, во март 2014-та. Од тогаш до денес на осум натпревари дал само еден гол, а ние се надеваме дека постот ќе му продолжи и утре.

Легендарниот Колумбиец ја повтори магичната одбрана

Рене Игита пред точно 20 години на стадионот Вембли на пријателскиот меч меѓу Англија и Колумбија ги збуни гледачите со еден потег, до тогаш невиден кај голманите. Успеа да го повтори на сличен начин на 49 години.

Друловиќ: Немој да ни свирите

По срамниот пораз од Луксембург во квалификациите за ЕП во саботата, македонската фудбалска репрезентација се врти кон мечот со апсолутниот фаворит Шпанија. Црвената фурија утре вечер од 20:45 гостува на арената Филип Втори.

Како Панчев ги исплеска Грците

Кобра денеска слави јубилеен 50-ти роденден, а тоа што повеќе не се раѓаат како него е само мал дел од причините за нашите резултати во фудбал. Бидејќи често е верглана онаа легендарна снимка од Бари каде Црвена Звезда ја носи на европскиот трон, ќе ве потсетиме на еден негов друг историски меч.

Прославата на Рибарите за историското Европско

Додека некој се мачи со Луксембург, во исто време земјата со околу 300.000 жители обезбеди пласман на ЕП. И тоа во конкуренција со Холандија, Чешка и Турција. Исланд заслужено обезбеди прв историски настап на Европско првенство, а играчите и навивачите необично го прославија пласманот.