Се работи за Јусуфа Јафа сегашен член на Дуисбург, а поранешен играч на Милан Примавера и Ајнтрахт Франкфурт. Во канцеларијата за имигранти во Италија во 2009 година Јафа рекол дека ги загубил документите и ги излажал дека е роден во Гамбија на 31 декември 1996 година.
Истрагата за него почнала од Фејсбук каде е откриен дека лаже за возраста и дека учел средно школо во Африка. Неговата вистинска возраст е 14 ноември 1987-ма.
Во Милан одлучија да го дадат на суд каде се најавува присуство на неколку тренери на Милан меѓу кои и Филипо Инѕаги. Тоа нема да му биде прв пат. Во јануари минатата година беше на суд во Франкфурт поради физички напад врз девојка.
Францускиот бизнисмен Жером Дуфург кој е и директор на фудбалскиот тим Таланта од Кенија во едно интервју изјави дека 95% од африканските фудбалери во Европа имаат лажна возраст.
Неговата мисија во Африка беше да внесе поголема професионалност во африканскиот клуб Таланта, а паралелно се бореше против лесната манипулација со лажирање на возраста на фудбалерите од Африка.
Тој отворено зборуваше како во Африка талентираните играчи за само 8 евра мито, вадат документи и “стануваат“ повозрасни за да се продадат во странство.
Еден од познатите случаи во Италија беше оној со Ериберто-Лучано, поранешен играч од средниот ред на Болоња, Киево, Лацио и Интер. Африканецот во август 2002 година раскажа сè и така Ериберто стана Лучано, а неговите 23 години станаа 27.