Откако го внесе Удинезе во ЛШ, Спалети четири години беше тренер на Рома.
На вратата беше Бразилецот Дони кој дојде од Хувентуд. Потоа замина во Ливерпул, а пред неколку години ја заврши кариерата.
Командант на одбраната беше дететото на клубот, Даниеле Де Роси.
Лево играше Макс Тонето, кој се повлече од фудбалот пред пет години и од тогаш работи како фудбалски коментатор и експерт на радио.
Десната страна ја ораше Кристијан Панучи, кој после Рома ја заврши кариерата и му стана помошник на Капело во репрезентацијата на Русија. Сега е тренер во Ливорно.
Стопер играше Французинот Филип Мексес кој во 2011. година премина во Милан.
На средината играше Чилеанецот Давид Пизаро, со кого Спалети соработуваше во Удинезе. Минатата година Пизаро од Фиорентина замина во Сантијаго Вондерерс.
Покрај него играше Симоне Перота, еден од најзаслужните за серијата победи на Рома во време на Спалети. Во 2011. година ја заврши кариерата.
Десно крило играше Бразилецот Тадеи, омилениот лик меѓу навивачите на Волчицата.
Нападот на Рома беше препознатлив по Црногорецот Мирко Вучиниќ, кој подоцна се пресели во Јувентус па потоа заигра и во Ал Џазеира.
Како полушпиц фигурираше Мансини, фудбалер кој се проба во двете милански екипи, а потоа се врати во татковината Бразил.
Франческо Тоти. Капитенот.
Со Лучано Спалети Рома на 2 пати го освојуваше италијанскиот Куп и 2 пати заврши како второпласирана.