1. Боливија во 2009-та ја победи Аргентина со Лео Меси 6:1.
2. Данска не успеа да се квалификува на Европското првенство во 1992-ра, но на крајот успеа да го освои. Тогашната селекцијата на Југославија не доби право на настап поради распадот, а на 10 дена пред стартот на шампионатот и беше соопштено дека ќе треба да ја замени.
3. Реал Мадрид играше против својот Б тим во финалето од Копа дел Реј во 1980 година. Првиот тим на Реал победи 6:1, а мечот се разбира се одигра на Бернабеу.
4. Првиот Британец кој освои Лига на шампиони откако беше ребрендирана во 1992 година беше Пол Ламберт во 1997-ма со Борусија Дортмунд.
5. Метју Фламини нема никогаш загубено меч во Премиер лигата на стадионот Емирати.
6. Скот Карсон има освоено Лига на шампиони како 19 годишен голман на Ливерпул во 2005-та.
7. Првиот и последниот гол на легендата на Селтик, Хенрик Ларсон ги постигна токму против Селтик. Првиот автогол, а последниот за Барселона.
8. Денис Вајс беше единствениот фудбалер кој го освои ФА купот во три различни декади. (Вимблдон 1988-ма, Челси 1997-ма, Челси 2000-та).
UPDATE: Потоа им успеа на уште двајца. Николас Ањелка во 1997-ма, 200-та и 2010-та и Патрик Виера во 1998-ма, 2002-та, 2003-та, 2005-та и 2011-та.
9. Роберто Солдадо е единствениот шпански фудбалер со повеќе од еден хет-трик во ЛШ по 1992-ра.
10. Ватфорд во 2015 година освои 29 бодови во Премиер лигата, повеќе од Астон Вила која освои 25.
11. Џон Тери има постигнато во првенство 39 голови, повеќе од Иниеста кој има 34.
12. Ниту еден фудбалер на Барселона не бил прогласен за играч на месецот во Ла Лига се до Нејмар во ноември 2015-та.
13. Норвешка нема ниту еден пораз во дуелите со Бразил. Скорот им е две победи и две нерешени, а последен пат се сретнаа на Мундијалот 1998 кога ги победија во групната фаза со 2:1.