Како започна сè?
Одговорот на ова прашање може да бидат само неколку зборови: „ФИФА покажува дека почна да работи“. Меѓутоа тоа не ја октрива суштината на целиот збунувачки настан. Сè започна со почетокот на 2014-та кога ФИФА како да е најправедна организација на светот одлучи да спроведе истрага во однесувањето на фудбалските клубови.
Под лупа беа Барселона, Реал, Атлетико и десетина клубови од Шпанија и другите европски земји. Главна тема беше почитувањето на „статусот и трансферот на играчи“ кој датира од 2009-та. Намерата беше да регулира преоѓањето на странските малолетни фудбалери и нивната регистрација.
Барса не ја почитувала одредбата за што беше казнета. Облаците над Мадрид и неговите два гиганти постепено се зголемуваа. Во јануари 2015-та, Реал соопшти дека клубот ослободил 50 случаеви со нелегални играчи. Не можеа да им најдат вина затоа што:
- Десет луѓе кои биле испитувани се испоставиле дека се Шпанци;
- Шест биле постари од 18 години;
- Двајца биле официјално регистрирани;
- Двајца потпишале договор до стапување на сила на гореспоменатата одредба;
- 23 играчи дошле од шпански клубови;
- Двајца никогаш не играле за мадридскиот клуб;
- Четворица спаѓале во списокот на исклучоци;
- Никој од нив не бил во тимот до крајот на истрагата.
Во таква математика, оправдувањето на Реал не значеше дека ФИФА ќе ја суспендира својата истрага. Флорентино Перез и натаму тврдеше деке неговиот клуб е чист пред законот.
Денес стигнаа резултатите на Комитетот за истрага на ФИФА, кој беше ангажиран во случајот „Мадрид“. Ако им се верува на гласините, некој го пријавил клубот од Мадрид, а името на овој човек уште не е објавено. Секако дека тешко ќе се дознае.
Зошто се случи сево ова?
ФИФА спроведува истрага и во други клубови и земји, така што не држи вода прашањето зошто само шпанските клубови го окркаа? На пример, под закана од суспензија се Челси и Арсенал.
Меѓутоа Шпанија го привлекува вниманието на ФИФА затоа што бројот на малолетни играчи фатени во оваа земја е неколку пати поголем од другите. За оваа прилика е спроведена и студија која покажува дека дури 22% од вкупниот број на малолетни играчи од светот се селат во Шпанија. Тоа е алармантно затоа што на дури 1607 играчи не може да им се обезбедат неопходни услови кои вклучуваат одобрување на следните правила:
- Родителите на малолетниците треба да се преселат во земјата каде ќе игра синот поради причини кои не се фудбалски;
- Трансферот на играчот се врши во рамките на ЕУ;
- Играчот е должен да живее 5 години во земјата непрестано;
Притоа, клубот мора да поднесе пријава за регистрација на играчот во Комитетот на ФИФА. Реал прекршил најмалку една од точките во одредбата во период од 2005. до 2014. година. Атлетико пак од 2007. до 2014. година. Според извештајот од ФИФА, двата клуба се известени дека имаат рок од 90 дена да ги решат сите проблеми.
Какви санкции се применуваат врз клубовите?
За кршење на правилата на регистрација на малолетници, Реал и Атлетико Мадрид се казнети со забрана на сите активности со трансфер на играчи во сите категории. Казната стапува на сила од летниот преоден рок 2016. и продолжува до зимскиот преоден рок 2017. На лето 2017. забраната за регистрација на нови играчи завршува.
Меѓутоа, тие имаат право да враќаат од позајмица или да праќаат играчи на позајмица. Покрај тоа, Реал е казнет со 321.000 евра, а Атлетико со 821.000 евра. Главна заблуда е: Можната казна на синот на Зидан - Лука Зидан. Тој според некои информации е правилно регистриран затоа што неговиот татко работи во Шпанија со фудбал.
Реакција?
Клубовите ќе се жалат на одлуката на ФИФА. Претседателот на Атлетико - Енрике Серезо не се сложува со казната и резултатите од истрагата: „Ги имаме сите права да се жалиме на одлуката. Иако сега мора да ги прочитаме сите 110 страни на истрагата. Не очекувавме ваква казна. Да не купуваме играчи е многу голем проблем за нас“, изјави Серезо.
Реал напиша службено соопштение:
„Сите овие тврдења се невистинити. Секогаш прецизно се држиме до правилата и прописите на ФИФА и шпанската фудбалска федерација. Ќе вложиме жалба на одлуката во сите случаеви“.
Единствени кои ќе пропатат од ситуацијава се децата од другите земји. Не се тие виновни што не може да се оствари нивниот сон да бидат дел од Академиајта на мадридските гиганти. Ќе мора да чекаат додека дојде времето да им биде дозволено да се пазарат со овие клубови. А такви деца има, верувајте, илјадници.