Зрињски Мостар го направи најлудиот пресврт во Европа

Мостарскиот клуб игра прва историска сезона во групна фаза на некој еврокуп. Но Зрињски не се задоволи со тоа и синоќа против холандски АЗ Алкмар направи чудесен пресврт за кој зборува цела фудбалска Европа. Холанѓаните кои лани беа полуфиналисти на Лига Конференции, на полувреме водеа 0-3. Домашните на крај славеа со 4:3 за најневеројатен пресврт сезонава во Европа.

АЗ Алкмар до убедлива предност дојде со головите на Ван Бредероде во 10’ минута, Мијнанс во 32-ра минута и Де Вито во 44-та. Цел стадион се помирил со тежок пораз но не и фудбалерите на Зрињски.

На стартот на вториот дел во 48’ минута Кожуљ намалил на 3-1, во 68’ минута Мостарци дошле до 2-3 преку Чорлука, а израмнил Хрвановиќ после само три минути.

Сензацијата од 4:3 ја направил повторно Кожуљ со гол во 81’ минута. Коефицентот во некои обложувалници за победа на Зрињски при кладење во живо и резултат 0:3 некаде бил и до 10001!

 Во оваа група се уште и Легија Варшава и Астон Вила. Полјаците исто направиле синоќа изненадување со триумф 3:2 над премиерлигашот.

22 септември 2023 - 09:25