Серија А заедно со Бундеслигата добија по 5 места во Лига на шампиони и како што стојат работите Италија следната сезона ќе има 8 претставници на европските натпреварувања со можност да добие деветти, а можеби и десетти.
Според моменталната ситуација на табела на три кола до крај, Јувентус е многу блиску до официјализирање на пласманот во ЛШ за каде претендира и изненадувањето Болоња.
За петтата позиција грчевита битка водат Аталанта и Рома кои имаат ист број на бодови, но Аталанта има натпревар помалку.
За да биде неизвесноста поголема ќе се погрижи календарот уште овој викенд и тоа со две веројатно клучни натпревари во борбата за ЛШ: Наполи - Болоња и уште подраматичната Аталанта - Рома, која важи e пресметка. Во претпоследно коло пак се среќаваат Болоња и Јувентус.
Шестопласираниот на табела ќе игра во Лига Европа, но место за ова натпреварување ќе се отвори и за седмопласираниот.
Тоа се на должи на двата финалисти во Купот на Италија, Аталанта и Јувентус кои веќе ќе имаат обезбедно место во ЛШ или ЛЕ, со оглед на нивните позиции на табела.
Да потсетиме, победникот од Купот на Италија оди директно во ЛЕ, а доколку е пласиран во Европа, местото му го пропушта на другиот финалист.
Според моменталниот изглед на табелата учесници во Лига Европа се двете екипи од Рим, додека осмопласираниот Наполи ќе игра во Конференциска лига.
За Италија да има 9 претставници во Европа потребно е Фиорентина да ја освои Конференциската лига со што би одела директно во ЛЕ. Во првото полуфинале против Клуб Бриж обезбеди предност од 3:2.
Сакате да го чуете лудото сценарио со 10 италијански претставници во Европа или 6 во ЛШ? Рома да освои Лига Европа, ама да остане на моменталната шеста позиција.
Да, тоа е многу лудо, бидејќи има негатива од 0:2 во полуфиналето против маестралниот Баер Леверкузен.
Хипотетички тоа е можно и со Аталанта, за кое важи истото сценарио како она на Рома. Во другото полуфинале од ЛЕ тие одиграа 1:1 против Марсеј.
Ако ја погледнете внимателно табелата, ќе забележите дека математички, во игра за осмата позиција која носи во КЛ се и Торино и Монца.
Никогаш немало ваква завршница во Серија А во однос на битката за излез во Европа.