За прв пат во историјата на полското судство се одржуваат процеси по итна постапка, а искуството е преземено од Јужна Африка, која за време на Мундијалот на идентичен начин ги решаваше проблемите со хулиганите.
Најголемиот дел од затворските казни се условни, а министерот за спорт, Јоана Муха изјави дека сепак очекувала подрастични казни со што земјата би испратила порака до хулиганите дека државата нема да толерира насилно однесување за време на Европското првенство.
Полицијата во Варшава ги објави официјалните податоци за приведените и повредите во текот на нередите пред почетокот на натпреварот меѓу Полска и Русија.
За време на инцидентите приведени се вкупно 184 лица од кои 156 Пољаци, 25 Руси и по еден Шпанец, Унгарец и Алжирец, а меѓу повредните од вкупно 36, 19 се припадници на полицијата.