Замисли да направиш ваков пенал во последни секунди

Во 3. коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Селта Виго одиграа луд натпревар со дури 7 гола. Гостите водеа 0-1, па 1-2, па домашните направија пресврт 3-2 и на крај во последни секунди при резултат 3:3, младиот гостински фудбалер Уго Алварез прави тотално непотребен и непромислен пенал врз 21-годишниот Французин Тиерно Бари во 97-ма минута од судиското продолжение. Ветеранот Дани Парехо промаши ама натрча на одбиена топка и даде гол за победа 4:3.

27 август 2024 - 10:29