Закачи ги Пандев и другарите на ѕид и помогни му на Јаков

За историската фотографија од македонската фудбалска репрезентација и натаму нема купец. Одиме со втор обид, повторно од хуманитарни понуди и тоа овој пат за помош на две годишно дете.

Се работи за дигитална илустрација на платно, со потпис од сите 26 фудбалери кои ја претставуваат Македонија на Европското со се селекторот.

Неодамна беше поставена на хуманитарна аукција за изградба на рехалибитациски центар за лица со посебни потребни.

Убавата идеја на Твитер ја објави Бобан Алексовски, но првиот пат за жал не упали.

Уникатниот примерок повторно е на продажба, овој пат за помош на малиот Јаков кој имал две тешки операции и сега му е потребна нега и лекување во странство.

Почетната сума на аукцијата која ќе трае 24 часа е 1.000 евра.

Во меѓувреме стигна првата понуда.

20 јули 2021 - 16:47