Од драма во драма. Нема комедија на овој Мундијал 2022.
Така беше и вечерва на стадионот „Лузаил“. Аргентина излезе на мегдан со Холандија во состав кој најчесто играше досега на Мундијалот, а за стандардни 11 се реши и селекторот на „лалињата“ Луј ван Гал.
Гаучосите пред околу 40.000 свои навивачи кои ореа песна непрестано, од старт тргнаа со посед на топка, иницијатива и контрола на мечот.
Таквиот пристап им се исплатеше во 35' минута кога после чудесна асистенција на Меси (5-та на Светски првенства со што стана рекордер), бекот Науел Молина од Атлетико Мадрид го отвори резултатот 1-0:
5 - Lionel Messi has assisted five goals in the World Cup knockout stages - since Opta have World Cup assists (from 1966), this is the most on record in the knockout rounds of the finals, surpassing Pelé's four. Goat. pic.twitter.com/ScHbh5oj1b
— OptaJoe (@OptaJoe) December 9, 2022
Дуелот изобилуваше со груби и жестоки стартови за што доказ се дури 9 жолти картони кои ги подели шпанскиот судија Лахоз. Холанѓаните бараа брз одговор преку Гакпо, Депај и Бергвајн но до паузата „гаучосите“ ја сочуваа предноста.
Во вториот дел Ван Гал реши да ги замени Де Рон и Бергвајн на чие место влегоа Копмејнерс и Берхујс.
Јужноамериканците се држеа до својот ритам, со густ среден ред да очекува магија од Меси и така и бидна. По една акција кој ја започна Лео, Акуња се најде на линија на противничкиот шеснаесетник и со еден дриблинг го намами бекот Думфрис непотребно да стартува и да скриви пенал.
Реализатор од белата точка Лео Меси. 2-0:
И кога целата „воденица“ беше на страна на Аргентина чии навивачи во транс го чекаа финишот, се случи нешто што само фудбалот може да го режира.
Холандскиот селектор Ван Гал во 78' минута во игра го внесува корпулентниот, снажен шпиц Вут Вегхорст кој настапува во турски Бешикташ. Влезе наместо Депај и не само што донесе свежина туку направи чудо.
Прво во 83' минута со прекрасен удар со глава од далечина намали на 2-1:
После овој гол нервозата на теренот порасна, имаше неколку сериозни гужви и турканици но Лахоз искусно ја реши ситуацијата и подели уште жолти картони.
И кога сите мислеа дека мечот ќе заврши со триумф на Јужноамериканците, по еден лукав слободен удар од Копмејнерс на раб на шеснаесетникот, кога буквално ги насамарија Аргентинците, Вегхорст израмни на 2-2 во длабоката 90'+11' минута од судиското продолжение!
Неверојатен финиш каков што не се памети:
Ремито 2:2 значеше дека се оди на нови продолженија по оние на дуелот Бразил - Хрватска. А таму повторно отворен фудбал и многу шанси на двете страни. Посебно за Аргентина која имаше две стативи по ударите на Ди Марија и Енцо Фернандез.
На пеналите прв шутираше стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк кому голманот Емилијано Мартинез од Астон Вила му одбрани.
Следен беше Меси кој погоди. Психолошкиот товар беше голем за Стивен Бергхуис па Мартинез повторно со неверојатна парада извонредно одбрани.
До крајот кај гаучосите прецизни Паредес, Монтиел и Лаутаро Мартинез и Аргентина е во големото полуфинале! Таму ги чека Хрватска, на стадионот „Лузаил“.