„Ги задолжив навивачите на Фиорентина и разочаран сум. Сакав да им дадам позитивна емоција, но многу е тешко да го направиш тоа кога ти даваат малку шанси“, изјави Џузепе Роси кој не сакаше да ја напушти Фиренца но немал друг избор.
После неколку повреди тешко се врати во тимот. Од неколку варијанти Роси ја избра Шпанија каде го играше најдобриот фдудбал во кариерата.
Кога како млад одби да ја дочека шансата во Манчестер Јунајтед, реши да потпише договор со Виљареал. Играше Лига на шампиони, доби повик во италијанската репрезентација, ги заинтересира топ клубовите.
Сето ова му се случуваше на Роси како водач на Жолтата подморница. Самиот се сеќава дека пред пет години го барала Барселона, но на крајот Каталонците се одлучиле за Алексис Санчез.
Неколку месеци подоцна доживеа тешка повреда и го пропушти ЕП 2012, а мораше да го напушти и Мадригал. Се пресели на Артемио Франки каде за препорака ги имаа неговите 82 гола на 192 меча како потсетник за тоа колку може.
Историјата се повтори: Сјаен старт, навивачите го засакаа, тој поверува во светла иднина, но повторно ги повреди вкрстените лигаменти. Неговиот здравствен картон кај Виолетовите не беше добра препорака за клубовите, но игрите од Шпанија добро му ги запаметиле во Леванте.
На презентацијата во новиот клуб дојдоа околу 1.000 луѓе. Еден од нив, постар човек го гушнал Италијанецот, се расплакал и му се заблагодарил што дошол да го спасува Леванте од испаѓање. Само ден подоцна, напаѓачот мотивиран дебитираше за новиот клуб, а недела дена подоцна даде гол против Севиља.
Против Барселона која не го чекаше пред пет години, Роси беше најдобар во својата екипа. Му покажа на Нејмар какво е чувството да те издриблаат.
Леванте е последен со пет бодови зад местото кое обезбедува опстанок, а веќе во недела му гостуваат на Еибар во борба за бодови кои ќе ги спасат од најцрно сценарио. Главна улога во тој филм треба да игра Џузепе Роси.