Врвна партија на Несторовски со два гола и асистенција

Фантастичниот настап на Горан Пандев кој со гол и асистенција го сруши Јувентус, го заокружи и Илија Несторовски. Шпицот на македонската репрезентација попладнево со два погодоци и асистенција беше главен актер во триумфот на Палермо над Карпи од 4-1.

Палермо во моментов е втор во Серија Б со 49 бода, 1 помалку од лидерот Бреша. Во Серија А одат директно двата први тима. Покрај Несторовски, целиот меч го одигра и Александар Трајковски кој имаше асистенција за еден од головите на тимот од Сицилија.

17 март 2019 - 19:31