Во Италија веќе има кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“

Дом Балард во саботата во англиски Чемпионшип постигна страшен гол за Бристол Сити против Бирмингем, а сега Шкотланѓанецот Че Адамс од Торино даде неверојатен еврогол против Милан за ублажување на поразот 1-2. Ова сигурно ќе биде сериозен кандидат за наградата на ФИФА „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната.

Милан на крај го победи Торино 1-2 со головите на младиот Алфаџо Сисе во 64' и Адриен Рабио во 67-ма минута. Ова беше дебитантска победа на новиот тренер на Миланезите, Рубен Аморим кој е поранешен тренер на Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед.

Луѓе, дали веќе го имаме голот на сезоната?

24 август 2026 - 10:22