Во пресрет на утрешниот дуел со Шкендија во 3. квалификациско коло во Лига Европа, Тотенхем вообичаената прес конференција пред мечот ја одржа денеска на пладне во Лондон, а за македонските новинари беше обезбедено вклучување преку зум.
Игор од ТВ Сонце имаше спремено две прашања кои му ги постави на Мурињо, но и едно барање, а тоа е да се фотографира со него, аманет кој му го оставил неговиот татко пред да почине кој инаку бил негов голем фан.
Jose Mourinho proving he really is the Special One ❤️ pic.twitter.com/i1cJ9v5BJu
— ESPN FC (@ESPNFC) September 23, 2020
"It's my pleasure to do the picture for you."
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) September 24, 2020
Jose promises Macedonian journalist Igor Aleksandrovic a photograph ahead of tonight's game, in honour of Igor's late father who idolised our Head Coach.#THFC ⚪️ #COYS pic.twitter.com/xLyUwbq1GB
Жозе без проблем го прифати тоа и му одговори дека може слободно да му пријде пред или после мечот, а ветувањето му го исполни уште истиот ден, односно вечерва во хотелот Хилтон во Скопје, каде пристигна англискиот тим.