Жозе људина со македонски новинар

Откако заврши Зум конференцијата на тренерот на Тотенхем, во пресрет на мечот со Шкендија во квалификациите за Лига Европа, нашиот колега Игор Александровиќ го замоли админстраторот да постави пар прашања. Мурињо културно се врати, сочека и одговори.

Игор имаше барање до Мурињо, во чест на неговиот починат татко, кој бил голем обожавател на Жозе, да направат фотографија во Скопје пред или после мечот. Мурињо се заблагодари и кажа дека нема никаков проблем, а потоа одговори на поставените прашања:

Во текот на пресот пред летот на Тотенхем за Скопје, Мурињо невообичаено трпеливо одговараше на безбројните прашања на англиските новинари за ситуацијата со Деле Али. Англискиот репрезентативец од нејасни причини веќе неколку меча не е ниту на клупата за резерви, се шпекулира дека ќе го напушти клубот.

Во однос на дуелот со Шкендија во рамки на 3. квалификациско коло, Жозе Мурињо планира да настапи во полн состав, како и на претходното гостување во Бугарија каде Тотенхем спасуваше жива глава во последните 10 минути и победи со пресврт по пенал и 2 црвени картони за противникот во финишот.

23 септември 2020 - 14:22