„Верноста“ на Лукаку - од дете е за Манчестер, Интер и Челси

Веќе подолго време се зборуваше а од летово е и јасно дека Ромелу Лукаку никако да фати ориентир во кариерата, па додека преговарал да остане со Интер, зад грб се договарал и со Јувентус, најголемиот ривал на нераѕурите кои кренаа раце од него.

Во кариерата на шпицот на Белгија настапува нова етапа - близу е до трансфер во Јувентус. Ромелу Лукаку последната сезона ја помина во Интер и миланскиот клуб беше спремен да плати колку треба за тој да остане. Во меѓувреме понудата од Јувентус била попримамлива и за Челси и за Лукаку.

ЛУКАКУ ПОСЛЕ СЕКОЈ ТРАНСФЕР ЗБОРУВАЛ ДЕКА ОД ДЕТСТВО НАВИВА ЗА НОВИОТ КЛУБ

„Кој би кажал не на најголемиот клуб на светот? Со најголемиот стадион во Англија, најдобри навивачи. За ова сонував од детство. Кога ми се јавија, не размислував долго“, изјави Лукаку во 2017-та година кога од Евертон премина во Манчестер Јунајтед.

Веќе во 2019-та година замина во Интер каде кажа дека со години навива за овој клуб.

„Од детство сум сакал да играм за Интер. Ми беше омилен клуб во Италија поради Роналдо и Адриано. Уште од времето сонувам да одам во Интер, уште од кога го гледав финалето на Куп на УЕФА 1998-ма“, рекол Лукаку по трансферот во Интер.

После тоа се врати во Челси во 2021-ва. По втор пат на „Стемфорд Бриџ“.

Што изјави тогаш?

„Среќен сум што се враќам во овој голем клуб. Имав долго патешествие, дојдов тука како младо дете на кое му треба многу да научи. Сега се враќам позрел и со поголемо искуство. Односот со овој клуб многу ми значи. Навивам за Челси од детство, а сега се враќам да се обидам да и помогнам на екипата да освои многу титули. Чувството е прекрасно“.

ОМИЛЕНА ПРОСЛАВА МУ Е ДА ГИ БАКНУВА АМБЛЕМИТЕ

Омиленото хоби на Лукаку почна во Вест Бром.

После „страстно“ го љубеше Евертон:

Често покажуваше љубов кон Манчестер Јунајтед со покажување на грбот на дресот:

Исто беше и во Челси:

Интер, исто како и Челси, два пати му даде шанса на Лукаку кога имаше тешки етапи во кариерата. Белгиецот им заблагодари со голови и во Лига на шампиони. И тогаш го бакнуваше грбот.

Минатата сезона изби скандал при дербито Јувентус - Интер, кога Лукаку во еден момент бил навредуван на расистичка основа од трибините. После мечот и се пожали на тоа, па италијанската фудбалска федерација и властите покренаа истрага.

Оттука чуди како Лукаку се решил да преговара со Јувентус ако се колнеше на голема верност за Интер чиј најголем ривал е токму клубот од Торино.

18 јули 2023 - 08:57