
На студен 5-ти ноември во зимата 1995-та Вардарци предводени од тренерот Илија Димовски славеа 3-0.
Краток видео извештај на МРТВ со легендарниот преубав глас на коментаторот Зоран Јордановски. 79 секунди со головите на Петрески, Митко Стојковски и Џевдет Шаиновски. Тука е и Ерол Демир, Жаре Серафимовски. 3.000 публика, снег, студ и најубавите дресови во историјата на Црвена звезда - БЕОБАНКА.
Тој натпревар мина во протест на навивачката група Комити против тогашниот фудбалски сојуз на Македонија (ФСМ) и претседателот на истиот, Љубисав Иванов - Ѕинго.