Манчестер Сити на Пеп Гвардиола е незапирлив: најсвежата победа над Свонси од 0:4 синоќа стана 15-та по ред во Премиер лигата. Таква долга и монструозна серија немало во историјата на англискиот фудбал.
Минатиот рекорд го држеше Арсенал кој имаше 14 победи по ред но не во една сезона туку на премин на две - 2001/2002 и 2002/2003 (февруари - август).
Тренерот на Сити Пеп Гвардиола сега ги држи рекордните победнички серии во три топ шампионати во Европа - Англија, Шпанија и Германија. Во Италија и Франција тој уште не работел.
Како тренер на Барселона, во сезоната 2010-2011 имаше победничка серија од 16 врзани триумфи по ред. Во 2013/2014 додека седеше на клупата на Баерн направи страшна серија од 19 победи по ред во Бундеслигата, и синоќа со Сити стигна до 15-та победа по ред!
Во оценка на своето достигнување Пеп беше традиционално скромен: „Мислам само за тоа како ќе играме на следниот меч. Ако поминам бар еден меч со мисли за рекордот, знаете што ќе се случи на теренот“.
За повторување на страшната сезона на Арсенал кога „Непобедливите“ освоија титула без пораз, Пеп вели: „Нема да го победиме тој рекорд. Тоа било неверојатно, но ние не се стремиме да го повториме тој подвиг, туку просто сакаме да играме добар фудбал. Луѓето не нарекуваат непобедливи, но кога тогаш некој ќе не победи“.
Сити изгуби бодови само во второто коло против Евертон (1:1). Од тогаш па наваму меле.
Германскиот рекорд (19 победи по ред) Гвардиола го постави уште во првата сезона во Баерн. Во Минхен дојде после триплетата на Јуп Хајнкес и ги победи сите натпревари од средината на октомври 2013-та до крајот на март. Интересно што по ремито со Хофенхајм којшто ја прекина серијата, Баерн изгуби и од Аузгбург (0:1) и тогаш заврши серијата од 53-меча без пораз во Бундеслига.
Шпанската серија (16 победи по ред) се случи во страшната сезона на Барса 2010/2011 кога освоија и примера и Лига на шампиони. Сер Алекс Фергусон кој изгуби во финалето ја нарече таа Барса најдобрата екипа против која некогаш играл. Минатата година тој рекорд во Шпанија го израмни Реал Мадрид.