Усеин Болт дебитираше и официјално заигра професионален фудбал

Беше на „проба“ во Манчестер Јунајтед, во Дортмунд, во Норвешка и во некои клуови во Америка, но никој не го сфати здраво за готово дека сака да игра профи фудбал. На крај го разбраа во Австралија.

Усеин Болт дебитираше на фудбалскиот терен откако денес заигра за својот клуб Централ Коуст Маринерс во австралиско-новозеландската А-Лига.

Најбрзиот човек на светот кои освои многу златни медали на Светски првенства и Олимпијади, влезе во игра во 70’ минута на мечот против аматерскиот тим Гасфорд, во северен Сиднеј.

На Болт така конечно му се оствари сонот професионално да заигра фудбал иако по топката трчаше 20-ина минути. Преносот од мечот го гледале многу луѓе ширум светот.

На Јамајчанецот ќе му треба време да се прилагоди на фудбалот затоа што во еден момент топката се одби од него како од дрво на што и самиот се насмевна. Болт (32) имал вкупно 9 контакти со топката, а немал ниту еден шут кон противничкиот гол.

„Добро беше, публиката одлично ме пречека со овации и го ценам тоа. Сакав да имам повеќе допири на топката но уште не сум фит така што ќе мора да работам уште повеќе. Се надевам на сјајна сезона“, изјавил Болт после дебито.

Поранешниот голман на Челси и Манчестер Јунајтед, и некогашен голман на Австралија Марк Боснич изјави го критикуваше настапот на Болт и изјави дека Маринерс ќе мора да бидат многу трпеливи со него.

„Мора уште многу да работи. Заборавете на фитнесот, тој мора да работи со топка. Тој спомна четири или пет месеци договор па прашање до клубот е дали ќе застанат зад него? Тренерот Мајк Малвеј рече дека се спремни да му дадат 12 месеци но ќе мора да бидат трпеливи со него, очигледно беше вечерва.