Оваа историска идеја ексклузивно ја пренесува британски Гардијан а истата предвидува спојување на европските селекции со репрезентациите од Северна и Средна Америка и Карибите како Канада, Мексико, САД и други.
Овој проект се смета како заедничко продолжение на напорите да и се зададе удар на ФИФА по срамниот план на Џани Инфантино да се приватизира и продава Светско првенство.
Проектот кој би можел да започне од 2008-ма година по крајот на следното Европско првенство е нов отворен удар на УЕФА врз Џани Инфантино и ФИФА.
И покрај тоа што преговорите меѓу УЕФА и КОНКАКАФ се во рана фаза, новинарот на Гардијан Мат Хјуз пишува дека структурата на турнирот би била слична на онаа која што и обете конфедерации веќе ја користат во своите изданија на Лига на Нации:
- Лига заснована на групи: Лига А би ги имала најдобро рангираните селекции од Европа (Шпанија, Франција, Англија и Германија) со најдобро рангираните репрезентации од КОНКАКАФ (Мексико, САД, Канада).
Uefa and Concacaf in talks over launching joint Nations League from 2028 in latest challenge to Fifa | The Guardian https://t.co/6bzdH4LJYz
— Matt Hughes (@MattHughesMedia) August 21, 2026
- Ненатрупан распоред: групната стаза би се играла кога се слободни веќе постоечките термини за меѓународен фудбал во септември, октомври и ноември. Нокаут фазата би се играла во март а Фајнал Форот како сега би го решил шампионот во јуни.
- Логистика и патување: да се спечат прескапи и далечни патувања за гирачите, групната фаза би се организирала по географски кластери.
Според сознанијата на Гардијан, еден од клучните формати е силната комерцијална добит која би ја имале најголемите европски селекции за да играат на американско тло.
Дел од приходите за продадени тв права и спонзорства би биле распределени во помалите федерации на кои би им се гарантирало зголемување на буџетите.
Проектот би бил и атрактивна алтернатива за федерации како на пример Мексиканската која веќе разгледувала економски потенцијал ако се приклучи на Јужноамериканската конфедерација КОНМЕБОЛ.
Британскиот лист пишува ид ека Азиската фудбалска федерација покажала интерес да се приклучи на евентуална глобална Лига на нации во иднина, сценарио според кое веќе предложениот формат би морал да доживее потребни промени.