Удри по теренот

Стрелецот на единствениот гол за Шпанија во дуелот против Италија, Сеск Фабрегас причината за просечната игра во првиот настап на Европското првенството е лошиот квалитет на теренот во Гдањск.

"Не ми се верува дека еден натпревар на Европско првенство може да се игра ваков терен. Тој беше во многу лоша состојба и навистина беше тешко да се игра. Не сакам многу да се жалам, но сите ние заслужуваме да играме на подобар терен", изјави Фабрегас.

Набргу по оваа изјава на Фабрегас, реагираше претседателот на Полската фудбалска асоцијација, Гжегорж Лато, кој имаше сосема спротивно мислење од шпанскиот репрезентативец.

"Каква невистина, теренот беше прекрасен, висината на тревата беше идеална и не ми е јасно зошто се упатуваат вакви забелешки", рече Лато.

Првиот човек на полскиот фудбал истакна дека Шпанците пред почетокот на натпреварот барале дополнително да се натопи теренот со вода, но тоа не се случило бидејќи за дополнително полевање на теренот потребна е согласниот од двете репрезентации.

"Шпанците видоа дека теренот е малку побавен и затоа побараа дополнително полевање. Знаеме дека ако тревата е повлажна тогаш топката побргу се движи, но барањето на Шпанците не беше прифатено", заврши Лато.

Сепак и покрај се според изјавите по натпреварот Шпанците очигледно се задоволни од ремито против Италија и очекуваат дека во продолжението на првата фаза ќе забележат две победи и ќе се пласираат во четврт-финалето.

11 јуни 2012 - 19:11