Тренерот на Базел предвиде 7 гола на Баерн

Пред реванш натпреварот од осмина-финалето на Лигата на шампиони, тренерот на Базел изјави дека не се плаши ако неговиот тим прими седум голови од Баерн. И навистина прими седум.

Викендов Баерн Минхен го победи Хофенхајм со 7:1, но тоа не беше доволно да го исплаши тренерот на Базел пред нивниот реванш дуел од осмина-финалето на Лигата на шампиони.

„Гол разликата во победата не ме импресионира. Не се плашам ако Баерн постигне седум голови и против нас", изјави Хеико Вогел за Гардијан.

И што се случи? Баерн победи со 7:0 и се пласираше во четврт-финалето со вкупни 7:1, Марио Гомез се подобри и по оние три гола против Хофенхајм, на Базел му даде четири за 23 минути.

Најдобро ќе биде следниот пат Вогел да си ќути пред натпревар.

14 март 2012 - 13:21