
Во најелитната фудбалска лига во светот летово потписи ставиле 287 играчи за кои клубовите потрошиле 2,6 милијарди евра. Во просек тоа се 131 милион по клуб.
Привилегија да бидат дел од Премиер лигата имаат 604 фудбалери од кои 431 се странци или во проценти 71%.
Најголемиот трошаџија ова лето е Ливерпул кој титулата ќе ја брани со засилувања во вредност од 339 милиони евра. Манчестер Сити изненадно е петти се 176 милиони.
Во ова фудбалско друштво, ништо повеќе не може да не изненади, па така на пример еден Барнли потрошил 125 милиони евра, Сандерленд 165, а Нотингем 171, само 5 милиони помалку од Сити.
Рекордниот трансфер го направи клубот кој најмногу потроши, а тоа е Ливерпул кој на Баер за Флориан Вирц му плати 125 милиони евра, што е нивен клупски рекорд.
Вториот најскап трансфер е исто така на Ливерпул и тоа уште еден од Бундеслигата. Се работи за Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт за 95 милиони.
Топ 5 листата се заокружува со тројца играчи кои завршија на Олд Трафорд. Бенџамин Шешко од Лајпциг (76 милиони), Брајан Мбеумо од Брентфорд (75 милиони) и Матеус Куња од Вулверхемптон (74 милиони).
Во топ 10 се уште и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад (70 милиони) и Виктор Ѓекереш од Спортинг (65 милиони) кои заминаа во Арсенал, Мохамед Кудус од Вест Хем во Тотенхем (63 милиони), Жоао Педро од Брајтон во Челси (63 милиони) и Ентони Еланга од Нотингем Форест во Њукасл (61 милион).
Овие листи не ќе да се конечни. Летниот преоден рок завршува на 1 септември.
Ливерпул 339 милиони
Челси 279 милиони
Манчестер Јунајтед 229 милиони
Арсенал 224 милиони
Сити 176 милиони
Тотенхем 145 милиони