Тихомир Костадинов е јунак во 3. коло од полскиот шампионат откако на својот тим Пјаст Гливице му донесе огромни 3 бода на гостувањето против Легија Варшава.
Македонскиот репрезентативец влезе како џокер во 79-та минута и по само 6 минути игра постигна гол и го реши мечот при резултат 1:1.
За Пјаст Гливице кој лани заврши на 10-та позиција ова е голема победа против фаворитот Легија, инаку најтрофеен полски клуб со 15 титули и 20 купови.
Пјаст Гливице има 7, а Легија 6 бода.
За Костадинов ова е прв сезонски погодок. Во соблекувална падна огромно славје.
Był gol, więc jest wiadomość od Tiho! 💙❤️ pic.twitter.com/b6825i7liu
— Piast Gliwice (@PiastGliwiceSA) August 4, 2024
Piękna drużyna, piękne zwycięstwo i piękna radość! 😍 pic.twitter.com/yXF9tEPF9C
— Piast Gliwice (@PiastGliwiceSA) August 4, 2024
Dzień dobry! 💙❤️ pic.twitter.com/C6WfkyzgyK
— Piast Gliwice (@PiastGliwiceSA) August 5, 2024