Голманот на Киево, Стефано Сорентино беше јунак на мечот Киево - Рома и главен виновник што неговиот тим не прими гол. За да го објасни резултат од 0:0, Газета дело Спорт отиде со наслов: Сорентино одбрани сè.
Еден читател се пожали и остави коментар дека поради лудите одбрани на Сорентино, тој не успеал да ја погоди Рома двојка и така му паднал тикетот.
Голманот на Киево му врати јавно на Фејсбук страната на Газета со извинување и понуда за да му се оддолжи.
„Не се работи за супер моќ, туку само многу љубов кон својата работа и пот. Салво Пјаца, за ми простиш, те канам на еден меч на Киево каде што сакаш ти и би бил среќен да ти ги подарам моите ракавици. Прифаќаш?“
„Како може да те исконтактирам“, му вратил читателот.
Сорентино оставил уште еден коментар со кој само потврдил дека неговата понуда е сериозна.
„Салво Пјаца пиши ми приватна порака на мојата страна на Фејсбук“.
Пјаца до толку се воодушевил од голманот на Киево, што текстот од неговиот муабет со Сорентино објавен на Газета, го ставил на Фејсбук како cover photo.
Инаку поради неговите одбрани кои беа пресудни за ремито со Рома, во неговата фамилија имало измешани емоции.
„Цела моја фамилија од страна на мајка ми се навивачи на Рома. Мајка ми дојде на Бентегоди со воз и навиваше за мене, но секогаш оди на Олимпико за да ја бодри Рома. Вели дека ако си ги исече вените, од нив ќе протече црвено - жолта крв. Тоа е доволно за да се сфати колку ги сака“, објаснува 38 годишниот голман на Киево.
Доказ за тоа како бранеше Сорентино против Рома.