Супер интересна ждрепка и за новата Лига Европа: Мурињо против Јунајтед, Рома на Тотнем

По синоќешната ждрепка за Лига шампиони на која беше претставен новиот формат, исто во ново издание ќе се играат и Лига Европа и Лига Конференции. Гигантите како Рома, Манчестер Јунајтед, Порто, Тотенхем ги добија своите ривали.

Овогодишното издание на Лига Европа ќе биде 54-то во историјата ако се земат предвид и претходните турнири со поинаков назив на второто по ранг натпреварување. 16-то издание откако Куп на УЕФА стана Лига Европа и прво во нов формат.

Ќе играат 36 клуба.

Ждрепката ја влечеше легендата на Атлетик Билбао Ариц Адуриз кој е амбасадор на УЕФА Лига Европа финалето. Тој имаше помош од некогашниот фудбалер на Аталанта и Гетеборг Глен Стромберг. И секако неизоставниот Џорџо Маркети.

ЛИГА ЕВРОПА 2024/2025, ПАРОВИ:

Европа Лига ќе се игра од 25/26 септември 2024 до 30-ти јануари 2025-та година. Секој тим ќе одигра по 8 натпревари, 4 дома и 4 на гости, исто како во Лига на шампиони.

Нокаут фазата е предвидена да започне на 13-ти февруари со реванши на 20-ти февруари 2025, осминафиналето е закажано за 6-ти и 13-ти март 2025, четвртфинале за 10-ти и 17-ти април 2025, полуфинањата се планираат за 1-ви и 8-ми мај и финалето на 21-ви мај 2025.

Големото финале е закажано на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао на 21-ви мај 2025. 

30 август 2024 - 13:37