
Тотенхем поведе брзо преку Кореецот Сон во 6’ минута но само две минути подоцна истиот играч си даде автогол за 1-1. Манчестер Сити поведе 2-1 преку Фил Фоден во 31’ минута а гостите израмнија на 2-2 со погодок на Џовани Ло Селсо. Во 81-ва минута Грилиш зголемува на 3-2 а Кулушевски со глава во 90’ минута одново носи нерешен резултат за гостите.
И на крај во судиско продолжение по една брза контра на Манчестер Сити, Фил Фоден истрчува во фор сам пред голманот на Тотенхем Викарио, но главниот судија Сајмон Хупер решава со огромно задоцнување да свири фаул направен на почеток на таа акција.
А Хупер самиот крева рака и пушта предност па потоа се решава да свири фаул: