Стоперот на Тотенхем висок 1.93 е најбрз спринтер во Премиер лига
Дваесет и четири годишниот холандски стопер од Тотенхем, Мики ван ден Вен важи за најбрз играч во цела Премиер лига. Верувале или не, иако е висок 1.93 и е еден од повисоките стопери, тој има неверојатен спринт. Најбрзиот трк на сезоната Ван ден Вен го забележал кога го бркал Гарначо од Манчестер Јунајтед.