Среќен роденден и повеќе голови сезонава

Горан Пандев денеска полни 33 години, а нашите честитки во насловот се такви бидејќи со Џенова сезоната ја заврши без постигнат гол, а за репрезентација на квалификациски натпревар нема стрелано од 10 септември 2008-ма против Холандија.

Му честитаа од ФФМ

Од Џенова

Тој прослави во кафе 19 во Струмица некој ден порано

Денеска ги поздрави навивачите на Џенова пред стартот на новата сезона

„Здраво на сите, почна новата сезона и тренираме веќе три недели. Има голем ентузијазам и има многу луѓе кои се околу нас. Среќни сме и мотивирани и се надеваме дека ќе ги направиме среќни и навивачите на Џенова. Поздрав до сите"

Ние му честитаме со ова ремек дело кое сите го паметиме и се надеваме дека ќе дава уште голови почнувајќи од 5 септември против Албанија. Не е стар, може уште.

Слаба снимка, ама прејак гол и коментар.

27 јули 2016 - 16:19