Сони Плејстејшн акција на Атлетико Мадрид, го развалија Бетис 0:5

Атлетико Мадрид е нов полуфиналист на шпанскиот Кралски Куп откако синоќа до врв ја наполни мрежата на Бетис и славеше 0:5 на тешкото гостување. Тимот на Диего Симеоне игра топло-ладно сезонава, но синоќа го искали во Андалузија сиот насобран бес од некои неуспешни натпревари. Деби гол имаше и новото скапоцено засилување од Аталанта, Адемола Лукман кој дојде за 35 милиони евра плус бонуси и кој постигна гол за 0-3 во 37-ма минута. Еден од головите на Атлетико беше после маестрална акција.

Ждрепката сакаше во полуфинале да има мега дерби пресметка меѓу Атлетико Мадрид и Барселона а вториот пар ќе го сочинуваат Реал Сосиедад и Атлетик Билбао во баскиското дерби.

6 февруари 2026 - 09:05