Со Израел и Италија да се дојде до една победа

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот за престојните два меча кои не очекуваат во Скопје на почетокот на следниот месец. Тројца фудбалери прават кам бек во составот.

По поразот од Албанија на гости од 2:1, нашиот национален тим ќе ги брка првите бодови во квалификацискиот циклус за СП 2018.

За разлика од тој меч, селекторот Ангеловски ќе го освежи составот со голманот Мартин Богатинов кој ќе го замени Столе Димитриевски, а ги повика и Душко Трајчевски од Работнички и Адис Јаховиќ кој сезонава игра во Гезтепеспор, Турција.

„Повикани се 95% од играчите кои беа и на првиот меч со Албанија. Реков дека во селекцијата место ќе има за стандардните во своите екипи. Токму затоа Столе Димитриевски отпадна, а на негово место е повикан Мартин Богатинов. Неговото искуство е драгоцено. Има и по еден нов играч во среден ред и нападот. Тоа се Душко Трајчевски и Адис Јаховиќ. Тричковски е повреден, но денеска одработи еден тренинг. Во недела нема да биде во својот тим, но лекарските наоди велат дека може да биде подготвен за вториот меч. Токму затоа е повикан", рече селекторот на Македонија.

Тој изјави дека најзадоволен би бил со три освоени бода од двата меча. На 6 октомври играме со Израел, а на 9-ти со Италија.

Повикани играчи:

ГОЛМАНИ

Константин Захов
Мартин Богатинов

ОДБРАНА

Ванче Шиков
Леонард Жута
Кире Ристевски
Стефан Ристовски
Даниел Мојсов

СРЕДЕН РЕД

Милован Петровиќ
Остоја Стјепановиќ
Стефан Спировски
Никола Ѓорчев
Езџан Алијоски
Ферхан Хасани
Душко Трајчевски

НАПАД

Горан Пандев
Иван Тричковски
Илија Несторовски
Бесарт Ибраими
Адис Јаковиќ

29 септември 2016 - 12:21