Снимал рап песна со другар му Халанд, а сега ги растури Рома и Мурињо

Норвешкиот фудбал е дефинитивно во мода. Ерлинг Халанд веќе пар сезони е апсолутна ѕвезда во европскиот фудбал, растура во Бундеслига во дресот на Борусија Дортмунд со која игра и во Лига на шампиони. Ама јавноста сега се врти кон еден негов добар другар кој игра во Норвешка.

Халанд на времето, во 2016-та на 16 години снимил видео како рапува со уште двајца другари фудбалери. Едниот од нив е стоперот Ерик Сандберг кој денес е играч на Лилестрем позајмен во второлигашот Јерв, а другиот е Ерик Ботхејм кој од Лин стигнал до Розенборг па по позајмица во Стабаек, блесна во Бодо Глимт исто како позајмен играч (во 2021 има 13 гола на 22 меча).

Ботхејм ја растури Рома во Лига на Конференции (6:1, 2 гола + 3 асистенции) и заслужено е на сите насловни страни денес. Овие тројца другари (сите родени во 2000-та) се запознале на собирите на младинските репрезентации на Норвешка (У-15, У-16, У-17).

Еднаш од досада на собирите, решиле да снимат една рап песна со сè видео.  Групата ја нарекле Flow Kingz.

Во тоа време видеото едвај имало стотина прегледи, а денес очекувано откако станаа големи ѕвезди, пред се Халанд, видеото има преку 8 милиони прегледи и преку 255.000 лајкови.

Пеат нешто на норвешки, а во коментари на социјални мрежи Норвежани тврдат дека ни они самите не разбираат што пееле децата на времето.

Што е уште појако, оваа песна ја пуштаат на стадионот на Борусија Дортмунд секогаш кога Халанд ќе даде гол, па понекогаш навивачите ја слушаат и по два, три, четири пати.

Кога Халанд потпиша со Дортмунд, на гости му дошле добрите другари со кои на времето снимил рап песна, Ерик Сандберг и Ерик Ботхејм. Под заедничката фотографија, Мартин Едегор (Реал Мадрид и Арсенал) напишал: „Убијци!“ алудирајќи на голгетерскиот талент на Халнд и Ботхем.

22 октомври 2021 - 12:53