Еден човек настрадал во саботата вечер, откако се симнал да се расправа со група студенти кои пукале во воздух за да ја прослават титулата на Чиле. Останатите двајца загинале откако ги удрил автомобил, а тројца биле префрлени во болница со тешки повреди.
Прославата во еден момент се претворила во судир со полицијата, која уапсила повеќе од 20 лица, а 100-ина се обиделе да крадат од маркетите близу плоштадот во Чиле. Полицијата имала проблеми и во градовите Атнофагаста и Валпараизо каде избиле нереди за време на прославата на титулата веднаш по завршувањето на мечот Чиле - Аргентина.