Група Е
1.Ливерпул 9
2.Севиља 8
3.Спартак Москва 6
4.Марибор 2
Ливерпул - Спартак Москва
Марибор - Севиља
ЛИВЕРПУЛ
Со победа се први, а и со нерешено одат понатаму (Како први ако Севиља одигра реми или загуби, како втори ако Севиља победи). Ако загубат, а Севиља победи, тогаш ќе продолжат со настапи во Европа, ама во четврток.
СЕВИЉА
Со победат се квалификуваат во топ 16, без разлика на исходот од другиот дуел. Одат понатаму и со пораз или реми, но само ако и Спартак одигра со ист резултат како нив.
СПАРТАК МОСКВА
Само победа ги носи во осминафинале и тоа како први во група, ама само ако Севиља загуби од Марибор. Со секој друг резултат продолжуваат во ЛЕ.
МАРИБОР
Елиминирани се.
Група Ф
1.Манчестер Сити 15
2.Шахтјор Доњецк 9
3.Наполи 6
4.Феенорд 0
Феенорд - Наполи
Шахтјор Доњецк - Манчестер Сити
МАНЧЕСТЕР СИТИ
Квалификувани се како први.
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК
Одат понатаму со победа или реми. Ако изгубат, треба да се надеваат да не победи и Наполи, инаку не им бега ЛЕ.
НАПОЛИ
За да одат понатаму мора да победат, а Шахтјор да загуби. Втората опција им е пласман во ЛЕ.
ФЕЕНОРД
Елиминирани се.
Група Г
1.Бешикташ 11
2.Порто 7
3.Лајпциг 7
4.Монако 2
Порто - Монако
Лајпциг - Бешикташ
БЕШИКТАШ
Квалификувани се како први во група со што испишуваат историја за турскиот фудбал.
ПОРТО
Одат понатаму ако одиграат со ист или подобар резултат од Лајпциг.
ЛАЈПЦИГ
Во осминафинале ги носи само подобар резултат од Порто, бидејќи португалскиот претставник е подобар во меѓусебните дуели.
МОНАКО
Елиминирани се.
Група Х
1.Тотенхем 13
2.Реал Мадрид 10
3.Борусија Дортмунд 2
4.АПОЕЛ 2
Реал Мадрид - Борусија Дортмунд
Тотенхем - АПОЕЛ
ТОТЕНХЕМ
Квалификувани како први во група.
РЕАЛ МАДРИД
Квалификувани како втори.
БОРУСИЈА ДОРТМУНД
Ако одиграат со ист или подобар резултат од АПОЕЛ, одат во ЛЕ.
АПОЕЛ
Одат во ЛЕ ако остварат подобар резултат од Борусија. Ако и двете екипи победат, тогаш АПОЕЛ за да заврши трет ќе мора да постигне 7 гола повеќе.