Сите најважни бројки на Светски првенства на Диего и Лео

Најголемите аргентински синови се единствени кои успеале да ја обединат оваа земја, по многу нешта поделена, особено по клупската острастеност. И двајцата со мајсториите на терен успеаа да го освојат златниот пехар и да го донесат дома во Аргентина каде извадија милиони луѓе на улици.

Лионел Меси конечно го освои заветниот пехар и тоа како најдобар играч на Светското. Попатно постави многу рекорди, по број на голови, настапи, минути на Светски првенства.

Иако секоја споредба меѓу нив двајца е бесмислена, затоа што и двајцата го освоија највредниот трофеј во историјата - пехарот од Светското првенство, да ги видиме нивните бројки на Мундијалите.

По триумфот во големото финале на СП 2022, Меси го оствари и тој подвиг на Диего. А до мечот со Франција стекна уште подобри бројки од оние на Марадона.

Одиме со ред:

МЕСИ

Натпревари на Светски првенства: 26 (24 во прва постава)
5 Светски првенства
18 победи/3 нерешени/5 порази на Мундијали
19 пати носел капитенска лента
13 гола на Светски првенства (4 од пенал)
5 гола во нокаут фаза на Мундијал
8 асистенции на Светски првенства
Гол во просек на секои 178 минути
Асистенција за гол во просек на секои 110,2 миути
Жолти картони 2
Црвени картони 0
Најдобар резултат на Светско првенство: злато 2022
Голови на Светско против селекциите на: Србија и Црна Гора (2006), Босна и Херцеговина (2014), Иран (2014), Нигерија (3 гола - 2014, 2018), Саудиска Арабија (2022), Мексико (2022), Австралија (2022), Холандија (2022), Хрватска (2022), Франција (2 гола, 2022).

МАРАДОНА

Натпревари на Светски првенства: 21 (21 во прва постава)
4 Светски првенства
Голови на Светски првенства: 8
12 победи/4 нерешени/5 порази
16 пати носел капитенска лента на Мундијали
Голови од пенал на Светски првенства: нема
Асистенции: 8
Гол во просек на секои 238,5 минути
Асистенција за гол во просек на секој 119,2 миути
Жолти картони: 4
Црвени картони: 1
Најдобар резултат на Светско првенство: злато 1986
Голови на Светско против селекциите на: Унгарија (2 гола, 1982), Италија (1986), Англија (2 гола, 1986), Белгија (2 гола, 1986), Грција (1994)

Лео го надмина Диего по речиси сите параметри на Светските првенства, освен во асистенциите, тука се израмнети. Но од друга страна Марадона најголем дел од својата статистика ја остварил на еден Мундијал: со триумфот на Светско 1986-та кога постигнал 5 гола и наместил уште 5 други. За споредба: во 1990-та Аргентина заврши на второ место, а Диего имаше 2 асистенции без ниту еден гол за цел Мундијал во Италија.

По број на голови на Светски првенства, Меси го надмина Марадона а подоцна го надмина и Габриел Батистута кој имаше 10 гола на вечната листа. До Мундијалот во Катар Батигол беше најдобар аргентински бомбардер на Светските првенства, а сега тоа е Лео со вкупно 13!

21 декември 2022 - 11:48