
ДОГОВОРОТ НА ЈАМАЛ: 6 ГОДИНИ, ПЛАТА 15-20 МИЛИОНИ ГОДИШНО, БОНУС ЗА ЗЛАТНА ТОПКА
Барселона и Ламин потпишаа нов 6-годишен договор којшто ќе трае до 2031-ва година. Најдобриот фудбалер и најзаслужен за шампионската титула на Шпанија на Европско првенство 2024 и шампионска титула на Барселона 2025 тогаш ќе има 24 години.
Откупна клаузула е 1 милијарда евра, како што беше и во претходниот договор кој важеше до 2026-та. Исто така има и многу бонуси. Diario Sport пишува дека има бонуси и за голови и за асистенции, но и за евентуална награда „Златна топка“.
Мадридскиот новинар Рамон Алварез де Мон вели дека годишно Ламин ќе биде најплатен играч во цела Ла Лига заедно со Мбапе.
Новинарот Николо Скира, пак вели дека договорот е на 9 милиони евра годишно без бонуси со кои сепак може да достигне до 18 милиони евра годишни примања.
Треба да се имаат предвид и сериозните даночни давачки во Шпанија.
Во шпанскиот фудбал постојат и сериозни правила за плати, но Барселона го испочитувала новото правило на Ла Лига кое им дозволува на клубовите да продолжуваат договори и зголемуваат плати на играчи помлади од 24 години само во случај ако играчот поминал во клубот најмалку 3 години.
Новинарот Соре Виктор Навари вели дека Каталонците не сакале премногу да ги преплаќаат своите фудбалери но Ламин Јамал е главен играч и некој на кој се гради целата иднина на екипата.
„Меси имаше свој пат. Се надевам јас ќе имам свој. Работам на доброто на Барселона но надвор од клубот се насладувам на животот и на се друго. Рамнодушен сум кон критиките и кон пофалбите, ако зборовите не се од моето семејство или некои блиски луѓе“, биле првите зборови на Ламин Јамал пред медиумите.
НОВА 10-КА НА БАРСЕЛОНА
Уште во мај месец се пишуваше дека Јамал со новиот договор ќе ја земе и 10-та на дресот, во зависност од тоа дали Фати ќе си оди. Ансу Фати замина на позајмица во Монако а Ламин го зема бројот 10.
Ова Барселона го испланирала и од стратешка гледна точка за маркетинг: дресовите на Ламин Јамал со број 10 се неверојатно привлечни за дресовите.
Ламин е втора 10-ка на Барса после Меси. Веднаш по заминување на Аргентинецот овој број му го понудија на Филипе Кутињо но тој одбил зошто сметал дека ќе му направи дополнителен притисок.
Тогаш 10-та му ја дале на Ансу Фати кој само што се врати од тешка повреда.
Во еден документарец на Барселона насловен „Новата Ера“ младиот Ансу Фати еднаш раскажал дека пред да одлучи дали да ја прифати 10-та отишол кај својот капитен. Сите се согласиле дека бројот 10 после Меси треба да го добие Ансу кого го викаа „новиот Лео“. „Да се носи бројот 10 е гордост не притисок“, рекол тогаш Ансу кој сепак не ги оправда очекувањата.
Наскоро се појави чудото Јамал. Прво го одбил бројот кој тежи. „Му припаѓа на Фати. Да не беше Ансу во тимот и да ми го понудеа бројот 10 ќе прифатев радосно. Тоа е мој сон“, рекол Ламин пред пар години.
Тогаш Јамал го зема бројот 19 и тука има една убава паралела: истиот број го носеше и самиот Меси на почеток на кариерата пред да стане 10. Во октомври лани во 2024-та Јамал го доби овој број на дресот во репрезентацијата на Шпанија. Тогаш Дани Олмо беше повреден и не беше повикан поради повреда па Ламин ја доби 10-та
Ја доби и сега во Барселона со нов договор.