Симпатичен лапсус на претседателот на Барселона

На „Камп Ноу“ се задоволни што потпишаа нов и долгогодишен договор со нивниот голем бисер, младиот Педри (18) кој веќе е стандарден репрезентативец на Шпанија и игра сериозен фудбал. Откупната клаузула ќе му биде страшни 1 милијарда евра. На потпишувањето на договорот, Лапорта раскажа како уште од мал го памти Педри и како му се потпишал на дресот, а сега Педри потпишува со нив.

Се сеќавам дека при една посета Тегесте ти се потпишав на дресот. Како се сменија работите, сега ти потпишуваш на мое барање. Се сеќавам дека тогаш во Тенерифе посетивме и една црква, дури и свештеникот беше за Барселона и тоа беше навистина спектакуларно. Не ме чуди што Меси… извинете, не ме чуди што Педри сега е лидер на Барса, изјави Лапорта.

 

15 октомври 2021 - 16:43