Сидорф или Сејдорф, Кајт или Кујт? Како правилно се читаат холандските презимиња?

Често на страниците на разни печатени изданија, сајтови, кајрони во преносите на телвизија и на други места може да се слушнат и видат апсолутно разни варијанти на изговарање/пишување презимиња на холандските спортисти.

Притоа спикерот се држи до своја лична варијанта со тврдење дека го слушнал изговорот на презимето од некој носител на тој јазик, без да ги земе во предвид особеноста на дикцијата или дијалектот на изговореното.

Како резултат на тоа гледаме еден куп варијанти на пишување/изговарање на многу холандски презимиња што е феномен во јавноста познат како „Синдром Кајт“ - по име на најголемата „жртва“ на недоумиците во историјата (Кајт, Кујт, Кјут, Каит, Кејт, Кјут, Кјат).

Оваа конфузија ја компликува перцепцијата на холандските презимиња затоа што во стварноста сосема лесно се изговараат ако се види практичната македонско-холандска транскрипција

Да разгледаме низ примери:

- Често може да видиме удвоени гласови во холандските лични имиња и презимиња со две исти самогласки една до друга (van der Hoorn - Ван дер Хоорн, Huntelaar - Хунтелаар, Feyenoord - Фееноорд, Coolen е Колен.). Од друга страна, како фонема во англиски пример: кога van de Beek се чита ван де Бик но тоа е неправилно.

Долгите самогласки од холандски на македонски јазик се претвораат во една буква па доаѓаме на: ван дер Хорн, Хунтелар, ван де Бек, Фејенорд, Мастрихт итн.

- Понекогаш може да видите и грешно напишани презимиња кои почнуваат на V (Vertonghen - Фертонген, Verstappen - Ферстапен) иако буквите V и W после транскрипцијата го даваат македонското В (Вертонген, Верстапен, Вермален). Во транскрипцијата не се чита буквата W кога е на крајот од зборот па така Bijlow е Бејло.

- Многу пати гледаме и комбинација од букви поврзани со буквата S и се допуштаат грешки како во името Sjaak (Сјак е грешно), во презимето на скорешниот тренер на Ајакс Bosz (Бош е погрешно), во презимето на поранешниот голман на Твенте Boschker (Бошкер е погрешно).

Еве и зошто:

а) соединување на sj го дава македонското Ш (Sjaak Swart - Шак Сварт, легенда на Ајакс, или Sjoerd Ars - Шурд Арс); б) соединување на sz дава го дава македонското С (Peter Bosz - Петер Бос); в) соединување на sch на почеток и на средина од едно презиме се добива СХ (Robbert Schilder - Роберт Схилдер), а доколку е на крај од презимето го добиваме нашето С (Boschker - Боскер, ‘s-Hertogenbosch - Хертогенбос, FC Den Bosch е ФК Ден Бос, Hooch е Хох).

- Единечното холандско U на македонска транскрипција е И, освен во случаеви ако е на почеток од зборот кога е исто У: (FC Utrecht - ФК Утрехт); а) во случај кога имаме двојно UU се чита И, па така Schuurs е Схирс; б) кога имаме UE во разни слогови тогаш се користат разни правила за U и E (Emanuelson - Емануелсон), а кога се во еден слог тогаш го читаме како еј; в) ui/uij/uy после согласка секогаш дава „еј“ (Dirk Kuijt/Kuyt - Дирк Кејт).

Овде дилемата сигурно ќе остане вечна затоа што самиот фудбалер поинаку го изговара своето презиме во една изјава за новинар на БиБиСи, а и како што самиот вели изговарајте го како сакате:

- На ред е буквата Е: а) после согласка останува македонското Е (Kees - Кес). Останува и кога е на почеток на збор како на пример во FC Emmen - ФК Емен; ако буквата Е се наоѓа соединета до самогласката U, повторно останува исто: Е (како во примерот Demy de Zeeuw - Деми де Зеу); в) ei/eij/ey на почеток на зборот се читаат како „еј“ (PSV Eindhoven - ПСВ Ејндховен, Sneijder - Снејдер); кога имаме eu на почеток на збор се чита „еј“ а кога е на други места се чита „е“ (Hans van Breukelen - Ханс ван Брекелен, Van Beukering - ван Бекеринг);

- Одиме понатаму, буквата i: а) ако стои до самогласката е како во примеров: ie тогаш се чита И (Pienar - Пинар, Pieteres - Питерс); б) ieu дава „иу“, (nieuw - „ниу“ во превод нов или lieuw - „лиу“ лав), па оттаму Nieuwkoop е - Њиукоп.

в) комбинацијата ij на почеток на зборот на македонски се чита како еј (IJsselmeervogels - Ејселмервогелс). Во холандскиот јазик во овој случај доаѓа до лигатура односно претопување на две букви во една - Ј станува главна.

Примери за ij-ј (Joris Mathijsen - Јорис Матејсен).

- комбинацијата auwe/aauwe ни го дава македонското ауе (Paauwe - Пауе);

- За самогласникот O: а) комбинацијата ОЕ во македонски дава У (Frank De Boer - Франк Де Бур), комбинацијата oei го дава УИ (Snoei - Снуи); б) oi/ooi/ooij/ooy во македонска транскрипција означува ОЈ (Van Hooijdonk - Ван Хојдонк, Ooijer - Ојер); образбите ou и ouw го даваат нашето „ау“ (Raymond van der Gouw на нашки се чита како Рајмонд ван дер ГАУ).

- Комбинацијата од буквите c и h односно ch кај нас се заменува со буквата Х (па така Michiel Kramer се чита Михил Крамер);

УШТЕ НЕКОЛКУ МОМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ

1) Големо влијание на холандскиот јазик има англискиот. Оттука имиња како Wesley (Весли), Ryan (Рајан), Justin (Џастин) итн. треба да се преведуваат на транскрипција по правилата на англискиот јазик.

Имаме примери во кои Joёl Veltman некој кај нас го чита како Јоел а исправно е Џоел Велтман. Синот на Клајверт, Justin, јавноста често го вика според англиското Џастин, но во Холандија неговото име го изговараат Јустин.

2) Презимиња на марокански и турски мигранти. Тие не се читаат по правилата на холандскиот јазик туку по транскрипцијата македонско/арапски и турско/македонска (Hakim Ziyech - Хаким Зијеш, Noussair Mazraoui - Нусаир Мазрауи, Serdar Gozubuyuk – Сердар Гозубујук).

3) Ова е можда и најглавно во целиов текст:

Што ќе правиме сега со презимиња како Клајверт, Зедорф, Кројф? Дали ќе ги изговараме Клејверт, Седорф или Крејф како што би требало според правилата? Или ќе се држиме до веќе прифатените кованици?

Авторот на текстов не претендира дека неговото е крајно исправно и вистинито, па доколку најдете некоја грешка во текстот, слободно пишете ни во коментари и ќе дискутираме. Bedankt!*

*bedankt (хол). - благодарам (мкд).