Бесмислениот систем на УЕФА и ФИФА:

Шведска освои 2 бода, Италија 18 бода - Шведска оди на Светско, Италија не

Поради можноста преку Лига Нации да се обезбеди нова, втора шанса за пласман на едно големо натпреварување, Шведска и покрај тоа што во традиционалните квалификации беше апсолутно последна во група, на крај се пласираше на Светското 2026.

Швеѓаните ги завршија квалификациите за Светско првенство последни во група со Швајцарија, Косово* и Словенија. Имаа 4 порази, 2 нерешени и ниту една победа. Примија 12 гола а дадоа само 4.

Освоија само 2 бода и беа на дното.

Standings provided by Sofascore

Во исто време Италија забележа 6 победи, освои 18 бода и беше втора во група зад Норвешка која имаше максимален учинок со 24 бода (37 постигнати гола). 

Standings provided by Sofascore

Поради ова Италијанците мораа да одат во бараж.

А таму им се најде и Шведска која во меѓувреме во далеку послаба дивизија со послаби ривали во Лига нации „ги разби“ Естонија и Азербејџан, заврши прва во својата група од дивизијата и обезбеди место во баражите. Практично „ни крива ни должна“.

На крај Италија испадна на пенали од Босна и Херцеговина, а Шведска во финале на бараж ја победи Полска 3-2 и се пласираше на Мундијал.

1 април 2026 - 14:50