Во полската фудбалска Екстракласа после 27 одиграни кола разликата од вториот до 16-от на табела е само 9 бода. За титула горе се борат Лех Познањ (45 бода) и Јагелонија и Гурњик Забже кои имаат по 42 бода. За опстанок долу се болат Арка Гдиња и Легија Варшава по 33 бода. Арка синоќа славеше 3-1 против Заглембје со прекрасен погодок на Себастијан Керк во 45' минута од слободен удар.